Историјата на светската фантастична книжевност

Зборот „фантазија“ потекнува од грчкиот збор - φαντασία, што значи привидение, а митолошката етимологијата ја означува нејзината поврзаност со сонот. 

Istorijata-na-svetskata-fantasticna-knizevnost

Овој жанр обично користи магија и други натприродни феномени како примарен елемент, тема или како лајтмотив.

Иако овој жанр е релативно нов, неговите претходници имаат долга и истакната историја. Елементите на натприродното и фантастичните елементи во литературата можат да се пронајдат од самиот почеток.

Од „Епот за Гилгамеш“, „Одисеја“, „Беовулф“, „Махабхарата“, легендите за кралот Артур, до епската поезија на „Божествената комедија“ на Данте.

Прва епоха која користи фантастика е романтизмот, а еден од првите резултати од оваа фасцинација со натприродно е готскиот роман. Овој жанр потекнува од Велика Британија со „Замокот Отранто“ од Хорас Валпол, што е воедно и претходник на модерната фантастика и хорор стилот.

Сепак, една од најпознатите фантастични приказни е „Гуливеровите патувања“ од Џонатан Свифт, објавена во 1726-та година. Во 18-от и 19-от век можат да се најдат многу значајни книжевни дела кои би можеле да се класифицираат како фантастика, како што се „Micromégas“ од Волтер и „Франкенштајн“ од Мери Шели.

Но, писателот кој имал најголемо влијание на идните големи писатели бил Волтер Скот. Најпознат по неговите витешки приказни „Ајванхо“ и „Црното џуџе“.

Кон крајот на 19-от и почетокот на 20-от век фантастичниот жанр ги добива своите контури и почнува да се оформува.

Историјата на модерната фантастика почнува со Џорџ Мекдоналд, шкотски автор познат по своето дело „Принцезата и Гоблинот“.

Уште еден голем автор на оваа ера бил Вилијам Морис, британскиот поет. Неговите дела биле пресвртница во историјата на фантастичниот жанр, бидејќи додека другите писатели пишувале за странски земји, Морис пишувал за сопствени измислени светови.

Сепак, дури во 20-от век овој жанр ја добива својата поширока публика со автори како Лорд Данзани, академик и професор по англиска книжевност со делото „Боговите на Пегана“, Луис Керол со „Алиса во земјата на чудата“, Бари со „Петар Пан“ и Френк Баум со „Волшебникот од Оз“.

Важен фактор во развојот на модерната фантастика биле списанијата посветени на оваа тема. „Der Orchideengarten“ и „Weird tales“. Овие списанија одиграле голема улога во подемот на научната фантастика, која започна да се поврзува со фантастичниот жанр.

Модерната фантастика станува попозната со Џ.Р.Р. Толкин и неговите дела, „Хобитот“ и „Господарот на прстените“. Со проучување на древните јазици Толкин почнал да ја користи идејата на митот и неговата улога во културата.

Тој создаде сопствена митологија, измислена култура и јазик. Влијанието на трилогијата „Господарот на прстените“ во комбинација со успехот на неколку други книги и автори, како „Хрониките на Нарнија“ на Луис и „Earthsea“ на Урсула Ле Гвин, ја зголеми популарноста на фантастичниот жанр.

Во почетокот на 80-те овој жанр доживува голема популарност и во литературната форма и во филмската индустрија со екранизација на познатите фантастични раскази и романи.

Денес, исто така овој жанр ја одржува својата популарност кај младите луѓе со филмски и сериски адаптации на „Лавот, вештерката и ормарот“ и во моментов најгледаната серија „Игра на тронови“ од Џорџ Мартин.

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Одржана промоција на два нови романи на авторката Краличин Во просториите на Café Литература во Дајмонт мол на 15 февруари 2024 година со п...
5 безвременски дистописки романи - наменети за вистински љубители на книги Визијата на Хаксли за иднината во „Прекрасен нов свет“ го опфаќа општество каде ...
Кое е скриеното значење зад бајките? Треба ли да ги исфрлиме бајките од детскиот свет? Веројатно ниту еден педагог ил...
2 книги од психологот Габор Мате што ќе ве натераат да се преиспитате себеси „Кога самите не сме способни да му кажеме ‘не’ на стресот, телото зборува место ...
3 лесни љубовни романи од Џорџија Кејтс, одлични за на плажа Трилогијата „Убавина“ на авторката Џорџија Кејтс е идеално четиво за на плажа. К...
3 трилери од Роберт Ладлам кои ќе ве држат во неизвесност до последната страница Роберт Ладлам е најпродаваниот писател на трилери на сите времиња, со повеќе од ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg