Измислени ликови од книгите базирани врз вистински луѓе

Постои една познатата изрека дека вистината е почудна од фикцијата. Ова е најверојатно причината зошто писателите често ги базираат своите карактери врз вистински личности.

Izmisleni-likovi-od-knigite-bazirani-vrz-vistinskite-luge

Ова е листа на некои измислени ликови од книгите кои се базирани врз вистински луѓе:

Тинтин

Некои луѓе се запознаени со Тинтин преку филмот на Стивен Спилберг, кој излезе пред неколку години. Ликот на Тинтин е измислен во 1929-та година од страна на белгискиот писател на стрипови Herge.

Над 200 милиони книги за авантурите на Тинтин се продадени, а тој стана еден од најомилените меѓународни ѕвезди во историјата на стрипот. Инспирацијате за Тинтин е превземена од вистински човек, данскиот извидник Palle Huld, кој на 15-годишна возраст успеал да освои награда за репродукција на патот околу светот на Финеас Фог од романот „Патот околу светот за 80 дена“.

За разлика од Фог, на Пале му биле потребни само 44 дена да го заврши патувањето. Ова се случило во 1928-та година.

Izmisleni-likovi-od-knigite-bazirani-na-vistinskite-luge-01


Ебенезер Скруџ

Ебенезер Скруџ е злогласниот скржавец од книгата на Чарлс Дикенс „Божиќна песна“, кој учи за своите грешки кога го посетуваат три духови. Скруџ е базиран на човек по име Џон Eлвс.

Тој бил политичар во 18-от век и познат скржавец. И покрај тоа што имал огромно богатство, тој живеел како бездомник. Јадел скапана храна и живеел во напуштени куќи. Ексцентричниот скржавец бил роден богат, но одбил да ги троши парите со цел да го спаси своето богатство.

Izmisleni-likovi-od-knigite-bazirani-na-vistinskite-luge-02

Северус Снејп

Северус Снејп е лик од универзумот на Хари Потер. Студен и морално нејасен карактер кој речиси веднаш станува непријател на Хари и неговите пријатели, донесен во живот преку големиот актер - Ален Рикман.

Професорот Снејп бил всушност базиран врз вистинска личност по име Џон Нетлшип. Тој бил учител на писателката Џ.К. Роулинг.

Izmisleni-likovi-od-knigite-bazirani-na-vistinskite-luge-03


Доријан Греј

Доријан Греј е единствениот роман на познатиот Оскар Вајлд кој ја раскажува приказната за еден необично убав човек и неговиот портрет. Доријан ја продава душата за да ја задржи својата младост и убавина, а портретот старее наместо него.

Оваа малку чудна и натприродна приказна за Доријан Греј, верувале или не, е базирана врз вистинска личност по име Џон Греј. Греј бил познаник на Вајлд, поет кој често патувал и се движел во истите социјални кругови како Вајлд. Тој наводно бил „Адонис“ од човек.

Izmisleni-likovi-od-knigite-bazirani-na-vistinskite-luge-04


Шерлок Холмс

Шерлок Холмс е можеби најголемиот измислен детектив на сите времиња, и секако, најпознатиот.

Холмс е базиран врз лекар познат по неговите вештини за набљудување и супериорна интелигенција. Се работи за д-р Џозеф Бел, кој бил предавач на Универзитетот во Единбург во Шкотска во 19-от век. Бел бил познаник на креаторот на Холмс, Сер Артур Конан Дојл.

Izmisleni-likovi-od-knigite-bazirani-na-vistinskite-luge-05

М. А. | Црнобело 

Би можело да ве интересира:

Серијал од две книги од Колин Хувер кој нема да ви даде мир додека не го завршите Два романи за жената која се соочува со семејно насилство и која се обидува да ѝ...
3 одлични трилери без кои не треба да си заминете од Саем на книга 2024 Кои три трилери вреди да ги набавите годинава на Саемот на книга? Издвојуваме тр...
3 книги наменети за читатели со префинет вкус Дaли за вас книжевноста е „духовна храна“ или читате сѐ што ќе ви дојде во рака?...
5 книги без кои не треба да си заминете од Саем на книга 2023 Од белетристика до криминалистички и детективски романи. Од литература за деца д...
3 одлични романи од македонски автори (за вистински љубители на книгите) Трогателни приказни со херои кои живеат на нашите простори. Приказни инспирирани...
Елена Бошбож, авторката на македонскиот роман „Сонцето под земја, кралството над него“: „Ме инспири... „Бев инспирирана од македонската богата историја, митови и легенди. Идејата за р...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg