Инспиративни совети за пишување од големите автори

Сите ние понекогаш имаме некакви идеи во главата за кои кога би знаеле да ги пренесеме на хартија би стекнале слава како Толстој, Достоевски или можеби Ден Браун.

inspirativni-soveti-za-pisuvanje-od-golemite-avtori-01.jpg

Во голем дел од случаите тоа што ни недостасува е верувањето во сопствените идеи и инспирација која ќе нè поттикне да го направиме сето тоа.

Во таквите моменти помислете дека ниту Ден Браун не станал успешен преку ноќ и без еден куп напишани и искинати страници.

Пишувањето е нешто за кое е потребен талент, но нешто кое е многу поважно е стекнувањето вештина. А, тоа е нешто кое може да се научи.

Ова се најдобрите совети за инспирација од врвните писатели:

1. „Секогаш постои нешто што ве привлекува и ви е интересно, од причина која не можете да си ја објасните. Тешко е да си ја објасните, бидејќи никогаш не сте ја прочитале на ниедна страница. Тоа е вашиот почеток.“ – Ени Дилард

2. „Научив да пишувам читајќи ги книгите кои посакувам да сум ги напишала“ – Барбара Кингсолвер

3. „(Писателот) е магнет кој поминува низ вистински свет земајќи го од него тоа што им е потребно (на луѓето)“ – Реј Бредбери

4. „Реченицата е машина. Има своја работа која треба да ја изврши. Само еден дополнителен збор во реченицата е како непотребен додаток кој ја забавува.“ – Ени Дилард

5. „Сетете се на сите мажи и жени кои постигнале нешто пред вас. Тоа е друштвото кон кое треба да целите“ – Алан Мур

М. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Три книги совршени за читање во дождливите есенски денови Деца се главни ликови во книгите кои би можеле да ги прочитате месецов. А темите...
„Ништо случајно“ на Нина Ангеловска Станков промовирана пред преполна публика Пред бројни гости, пријатели, соработници, претставници на бизнис-заедницата и ј...
„101 порака за убав ден“ – нова книга на Елизабета Арсиќ Во средата на 1-ви октомври 2025 година, во градското кафуле се случи промоција ...
Три лесни книги кои ќе ве расположат (а ќе ги прочитате во еден викенд) Некои книги се земаат во рака и тешко е да ги оставите додека не ја прочитате и ...
Анита од Берово е криминалист со страст за читање - Има 300 книги, кои пет ѝ се омилени? „Јас сум од генерацијата што немаше телефони, па љубов кон книгите е од почетоко...
Три романтични книги кои треба да ги прочитате до крајот на летото Љубовна измама, невозможна љубов, светска ѕвезда која трага по нормален живот и ...

Најчитани неделава