„Посилна од судбината“: Предлог книга од македонска писателка која ќе се најде на Саемот за книга

И оваа година, впрочем како и секоја година се одржува Саем на книга на Скопскиот Саем.

posilna-od-sudbinata-predlog-kniga-koja-kje-se-najde-na-saemot-za-kniga-01.jpg

Саемот на книга започнува на 12-ти Април, а завршува на 18-ти Април и ќе работи секој ден од 10 до 19 часот, а за издавачите од 9 часот.

На Саемот за книга ќе има изложено многу книги, од наши македонски автори, секако ќе има и книги од странски автори.

На еден од штандовите на Саемот ќе земе учество и Здружението за писатели - Манускрипт, каде ќе се промовираат и продаваат книги од македонски автори, меѓу кои ќе има романи, збирки кратки раскази, ситхозбирки поезија, што значи за секој читател и за сечиј вкус по нешто.

Таму, на штандот на Здружението, меѓу сите книги, ќе се продава и мојата прва книга стихозбирка поезија - „Посилна од судбината“.

Топло и од срце Ви ја препорачувам да ја земете мојата книга, бидејќи секоја книга што е напишана од дното на срцето и душата, таа книга вреди, треба да се купи за да ја имаме засекогаш во нашите библиотеки и секако најважно е да ја читаме.

Со среќа нека ни е Саемот на книгата, да биде успешен, да имаме многу, многу продадени книги, пред се од наши македонски автори, со тоа многу задоволни читатели, а воедно и писатели, што нивната книга отишла во вистински раце на читателите!

За повеќе информации за и околу мојата книга на овој ЛИНК

posilna-od-sudbinata-predlog-kniga-koja-kje-se-najde-na-saemot-za-kniga-1.jpg

Би можело да ве интересира:

Три интересни дела од македонски автори кои треба да ги прочитате Ви препорачуваме три дела од тројца македонски автори - еден роман, една збирка ...
Три книги полни со топлина, во кои ќе уживаат и децата и возрасните Ако решите на своите најмили да им ги читате на глас овие книги, тие ќе ве поврз...
Три одлични трилери од Далибор Трајковски што се читаат во еден здив Воден од сопственото искуство, дополнето со неговата фантазија, кавадарчанецот Д...
Три еротски романи кои ќе ви ја зовријат крвта (мора да ги прочитате) За љубителите на љубовните приказни, дополнети со малку еротика, овој пат имаме ...
Елена од Прилеп: „Книга од Горјан Петрески е ‘виновник’ за мојата зависност од читање - Кои ми се ом... „Речиси секој ден го започнувам на ист начин - со шолја кафе и барем половина ча...
Три нови книги за Херкул Поаро, инспирирани од славниот детектив на Агата Кристи Три мистериозни случаи на убиство и во трите главен протагонист е славниот Херку...

Најчитани неделава