Дали сте подготвени да ја разбудите креативноста со првата боенка за возрасни?

Уметноста честопати знае да ги поврзе нештата на најразлични начини во креации кои го задржуваат нашето внимание.

dali-ste-podgotveni-da-ja-razbudite-kreativnosta-so-prvata-boenka-za-vozrasni-001.jpg

Поврзувајќи ја боенката како една од омилените книги на децата, уметноста, креативноста и движечките светски трендови, младата креаторка на ова прекрасно дело за еден поинаков ден од вашето секојдневие, Ивана Горичан, ја создава оваа боенка за возрасни наменета за едно посебно доживување.

dali-ste-podgotveni-da-ja-razbudite-kreativnosta-so-prvata-boenka-za-vozrasni-1.jpg

Горичан, инаку позната по својата работа на еден посебен вид уметност наречена „doodle art”, која ја развива настрана од факултетските активности вели дека идејата за ваква креација доаѓа од желбата да и другите на некој начин ја почувствуваат нејзината работа, која бара огромна концентрација, трпение и секако огромен талент.

Низ страниците на оваа боенка за креативен ден можете да најдете илустрации на кои токму вие треба да им дадете живот по ваша замисла.

Ќе имате можност да ја разбудите вашата креативност, која заради секојдневните обврски се повеќе и повеќе ја потиснувате и за момент да се присетите како сето тоа изгледаше во деновите додека бевте деца.

Целта на оваа боенка е да се создаде автентично дело, бидејќи секоја индивидуа има различна замисла и различна реализација која може да ја примени на дадената илустрација.

Боенката е поделена на неколку дела и на неколку нивоа на сложеност, изобилува со илустрации со животни, геометриски облици, мотиви од природата и многу бесконечни илустрации кои имаат за цел да смируваат, опуштаат и да внесат хармонија во размислувањето на оној кој се решил да го создаде своето креативно дело.

dali-ste-podgotveni-da-ja-razbudite-kreativnosta-so-prvata-boenka-za-vozrasni-3.jpg

Исто така содржи креативни мисли и цитати од познати автори кои го водат уметникот низ секое дело, а позитивната страна е што откако ќе го завршите вашето дело можете да го урамите и да биде еден прекрасен орнамент на некој од вашите ѕидови.

Оваа боенка е прва од овој тип, посебна е затоа што е од македонски автор, а ги следи светските трендови.

Можете да ја најдете на Саемот на книгата на штандовите на книжарница „Три".

Главната порака која ја носи ова дело е дека уметноста лежи во секој од нас, се она што треба да направиме е да ја истражиме и да дозволиме нашиот креативен ум да си поигра со боите и формите за да го исполниме денот со светлина која ќе ни донесе трошка среќа.

dali-ste-podgotveni-da-ja-razbudite-kreativnosta-so-prvata-boenka-za-vozrasni-5.jpg

Н. Буџак | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Нова книга на режисерот Милчо Манчевски промовирана во Италија На Универзитетот во Павија, Италија, се одржа промоција на нова книга на режисер...
5 трилери од Крис Картер за детективот Роберт Хантер - романи кои нема да сакате да ги оставите Роберт Хантер е главниот лик во скоро сите книги на авторот Крис Картер. То...
Елена од Прилеп: „Книга од Горјан Петрески е ‘виновник’ за мојата зависност од читање - Кои ми се ом... „Речиси секој ден го започнувам на ист начин - со шолја кафе и барем половина ча...
Билјана (24) од Кавадарци: „Одвојував од парите за појадок за да купувам книги, денес имам 450 - Кои... „Како мала, моите родители ми читаа бајки пред спиење. Тоа се едни од моите омил...
3 романи што ќе ве привлечат уште по првите прочитани страници Млада пациентка во кома раѓа здраво машко дете. Таа е феномен или е силувана дод...
Три романтични книги кои треба да ги прочитате до крајот на летото Љубовна измама, невозможна љубов, светска ѕвезда која трага по нормален живот и ...

Најчитани неделава