Како читањето книги нè прави подобри?

Читањето, според многу научни истражувања, може навистина да направи чуда кога се во прашање нашите ментални способности, нашето расположение и нашите чувства.

kako-citanjeto-knigi-ne-pravi-podobri-01.jpg

Од огромнa група на луѓе веднаш ќе ги забележите оние кои се љубители на читањето бидејќи тие најчесто имаат подлабоки сфаќања за нештата и не се задоволуваат само со површни факти и приказни.

За нив страниците кријат магични тајни кои ги чекале токму нив за да бидат откриени.

Еве што велат научните факти за читањето книги:

1. Читањето го намалуваат стресот

Времето поминато во друштво на добра книга има дејство слично на апчињата за смирување, бидејќи ве ослободува од напнатоста и ве тера да заборавите на сите проблеми кои ги имате.

2. Читањето го подобрува квалитетот на сонот

За мозокот да може да се одмори и да се препушти на сонот, мора да биде подготвен и ослободен од сите мисли. Читањето е одличен начин да го смирите целото тело од напорните активности да го подготвите мозокот за квалитетен сон.

3. Читањето нè прави сочуствителни личности

Кога читате тажна книга знаете и самите да пуштите по некоја солза, токму заради тоа што целосно сочувствувате со ликовите од книгата. Истото тој механизам подоцна ќе го препознаете кај себе и кога во реалниот живот ќе забележите некој кој се соочува со болка и тага.

4. Читањето ја поттикнува мозочната функција

Едно истражување на „ Emory University “ покажало дека читањето книги навистина нè прави попаметни. 

5. Читањето книги помага во борбата со депресијата

Читањето на книгите за само помош или животните приказни на луѓе кои се соочиле со сличен проблем може да бидат одличен начин за справување со депресијата и сите проблеми кои таа ги носи со себе.

6. Читањето нè прави попривлечни личности

Образованите и интелигентни личности се секогаш попривлечни токму заради фактот што со нив можете да разговарате за секакви теми и во ниту еден момент да не ви биде здодевно.

7. Читањето можа да помогне полесно да се справите со животните предизвици

Едно истражување спроведено на „Ohio State University“ покажало дека колку повеќе читаме толку повеќе се идентификуваме со главните протагонисти и сме сè повеќе инспирирани за остварување на нашите соништа.

kako-citanjeto-knigi-ne-pravi-podobri-02.jpg

8. Луѓето кои читаат имаат поактивен друштвен живот

Луѓето кои читаат се они кои многу почесто учествуваат во голем број добротворни настани и најразлични културни збиднувања покажало истражувањето спроведено во „National Endowment for the Arts“.

9. Читањето ја подобрува меморијата и размислувањето

Секогаш кога читате го тренирате мозокот. Секогаш кога ќе наидете на нешто ново во вашиот мозок се создава нов „запис“ кој на вашиот мозок не му дозволува да заспие и да остане неактивен.

10. Читањето го збогатува нашиот речник

Секогаш кога ќе наидете на непознат збор, вашиот речник станува побогат. Ова е особено важно за луѓето кои зборуваат повеќе јазици.

11. Читањето ги подобри вашите способности за пишување

Луѓето кои читаат несвесно ги имитираат авторите кои им оставиле најголем впечаток, па затоа многу лесно ќе направите разлика меѓу текст напишан од некој кој чита книги и некој кој не ги прочитал ни задолжителните лектири.

12. Читањето може да ви помогне да научите странски јазици

Луѓето кои читаат многу полесно прават паралели меѓу јазиците и токму тоа им помага многу полесно и побрзо да совладаат нови јазици.

13. Читањето ја развива вашата креативност

Читањето е одличен начин за развивање на креативноста како кај малите деца така и кај возрасните бидејќи му дозволува на мозокот да се ослободи од стегите на реалноста и да и дозволи на креативноста да излезе на површина.

14. Читањето може да нè заштити од Алцхајмерова болест

Според едно истражување спроведено во „ National Academy of Sciences“, луѓето кои сакаат да читаат или да решаваат крстозбори имаат многу помали шанси за развивање на Алцхајмерова болест токму заради фактот што овие активности го стимулираат мозокот и не му дозволуваат да стане неактивен.

15. Читањето нè прави личности кои се борат од светот да направат подобро место за живеење

Луѓето кои активно читаат се спротивставуваат на сите неправди и се оние кои први ќе се пријават да помогнат онаму каде е потребно.

М. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

2 книги од психологот Габор Мате што ќе ве натераат да се преиспитате себеси „Кога самите не сме способни да му кажеме ‘не’ на стресот, телото зборува место ...
3 предлог книги наменети за љубителите на современите романи Ако сте вистински љубители на пишаниот збор, овие 3 книги тогаш со сигурност ќе ...
Трилери со неизвесен крај: Три одлични книги за продолжениот викенд Стар полициски случај кој се преплетува со сегашноста, жена почината пред 40 год...
3 книги кои вреди да ги прочитате (и за кои ќе размислувате со денови) Книги наменети за оние на кои книгите им се лек за душата и кои сакаат четива шт...
3 одлични романи од македонски автори (за вистински љубители на книгите) Трогателни приказни со херои кои живеат на нашите простори. Приказни инспирирани...
3 лесни љубовни романи од Џорџија Кејтс, одлични за на плажа Трилогијата „Убавина“ на авторката Џорџија Кејтс е идеално четиво за на плажа. К...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg