Три одлични романи со кои одморот на плажа ќе ви биде многу позабавен

За многумина не постои подобра комбинација од плажа и добра книга. Нема поубав начин да избегате од реалноста и да го одморите мозокот од смиреноста кои ви ги даваат овие две нешта.

Tri-odlicni-romani-so-koi-odmorot-na-plaza-kje-vi-bide-mnogu-pozabaven-01

Велат постои нешто навистина магично во шумот на брановите, слично како шумот на секоја нова прочитана страница, која ве инспирира и ве тера да гледате на светот многу поинаку од претходно.

Токму затоа ако веќе го планирате летниот одмор не заборавајте да спакувате барем една книга. Ние ви предлагаме тоа да биде некоја од следниве три:

1. „Куќата на орхидеите“ – Лусинда Рајли

Уште една извонредна љубовна приказна на авторката на „Сеќавање на љубовта“ и „Незаборав“. Во ова делот таа ни ја раскажува приказната за трагедиите кои војната ги носи со себе и тајните кои на чудни начини засекогаш ги поврзуваат две сосема неспоиви семејства...

Со дејство сместено на англиски двор полн со тајландски орхидеи, овој роман ќе ви покаже дека како што англиските дворови се прекрасни, но строго уредени, а мирисите на слатките тајландски орхидеи волшебно опојни и слатки, така и јунаците на овој роман се навистина посебни.

Ова е романот кој ќе ви покаже дека емоциите можат да ја надраснат дури и судбината која постојано настојува да владее со животот на главните јунаци.

Tri-odlicni-romani-so-koi-odmorot-na-plaza-kje-vi-bide-mnogu-pozabaven-02

2. „Ќерката на Сиена“ – Марина Фиорато

Италија, XVIII век, време на интриги и судири, во кое врв на сите општествени збиднувања е контроверзната коњска трка „Палио“, која се одржува во срцето на Тоскана.

Во градот поделен на „контради“ (еснафи) владее огромно ривалство кое го помрачува ведриот дух на свеченостите и радоста кои тие ја носат. Секој еснаф избра свој јавач кој ќе се бори за значајниот трофеј но и за честа која истиот ја носи.

Но, љубовта не познава граници, па една млада жена се вљубува во јавачот од противничкиот еснаф и ги прекршува строгите правила кои владеат во градот. Сепак главното прашање е дали нивната љубов ќе успее да ја надмине омразата и борбата за превласт или ќе ги натера да се соочат со ужасните последици од предавството на сопствениот еснаф?

tri-odlicni-romani-so-koi-odmorot-na-plaza-kje-vi-bide-mnogu-pozabaven-0002.jpg

3. „Каде отиде, Бернадет?“ – Марија Семпл

Бернадет Фокс има многу лица. За нејзиниот маж и Мајкрософт-гуру, таа е ексцентрична и своеглава; за архитектонските кругови е пионер на зелената архитектура; за останатите мајки чии деца учат во истото приватно училиште, таа е дрска и асоцијална, а за петнаесетгодишната Би е едноставно мама и нејзина најверна другарка.

Но, еден ден Бернадет исчезнува. Во обид да ја најде мајка си – но и да ја разбере – Би собира мејлови, официјални извештаи, тајни преписки, доверливи документи од ФБИ, создавајќи заразно читлив и трагикомичен епистоларен роман за потиснатиот гениј и за силниот однос меѓу една мајка и една ќерка во овој апсурден свет.

tri-odlicni-romani-so-koi-odmorot-na-plaza-kje-vi-bide-mnogu-pozabaven-0003.jpg

М. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Ружица од Скопје: „Имам библиотека од 400 книги, читам во автобус на пат кон работа - Кои ми се омил... „Голем удел во мојата љубов кон книгите има библиотекарката од моето основно учи...
3 романи што ќе ве привлечат уште по првите прочитани страници Млада пациентка во кома раѓа здраво машко дете. Таа е феномен или е силувана дод...
Три лесни книги кои ќе ви го задржат вниманието и во најголемите жештини За некои летото е идеално време за читање, на други им е многу тешко да фатат кн...
Андриана од Битола: „Имав библиотека од 1.000 книги, пола морав да ги раздадам - Кои 5 ми се омилени... „Имам прочитано над 1.000 книги, а уште толку имам на листата. Свесна сум дека н...
3 книги за силни жени во арапскиот свет - интригантни приказни што мора да ги прочитате Две жени во Иран се борат за женските права; Американка која се мажи за Иранец и...
Каролина - книга на англиски јазик, Лила - лесен роман: Што читаат познатите Македонци во лето 2025?... Што читаат Каролина Гочева или Ивона Јо ова лето? Погледнете кои книги ги сподел...

Најчитани неделава