3 психолошки трилери кои ќе ви ја заледат крвта

Навистина ретко може да се начека добар психолошки трилер. Некои имаат добра приказна, но сиромашна реализација. Други пак изненадуваат со добриот стил, но нудат лоша структура на ликовите или приказната има дупки кои не можете да ги простите.

3-psiholoski-trileri-koi-ke-vi-ja-zaledat-krvta-01.jpg

Овие 3 психолошки трилери несомнено ќе ви го скратат сонот и ќе ве остават со подзината уста.

Ви гарантираме дека нивното читање е како возење на луда железница.

„Убави девојки“ – Карин Слотер

Три сестри, мистериозно исчезнување. Скршено семејство од болка, многу прашалници без одговор. Потресен случај без никаков епилог. 24 години подоцна, деловите од сложувалката почнуваат да се составуваат.

Но, за да се пронајдат одговори потребно е да се копа длабоко во минатото, со страв дека сите загноени рани може да излезат на виделина.

Колку добро ги познавате луѓето околу вас? Дали би сакале да ја дознаете вистината по секоја цена или да скршнете по патеката на блажено незнаење?

Оваа книга е екстремно вознемирувачка бидејќи ја разоткрива ѕверската природа и маските коишто ги носат луѓето.

Таа со силен, остар јазик и морбидни графички прикази зборува за заблудите и лагите, внатрешните демони, но пред сè друго, за неуништливата сестринска љубов.

И онаа родителската, која доминира над сите емоции во човековиот спектар.

 3-psiholoski-trileri-koi-ke-vi-ja-zaledat-krvta-2.jpg

„Убијци без лица“ – Хенинг Манкел

Кој е мотивот позади убиството на стар брачен пар во изолирано заспано селце во кое изгледа како сите часовници да не ги помрднуваат своите стрелки?

Детективот Курт Валандер за авторот Хенинг Менкел е она што е Херкул Поаро за Агата Кристи. Можеби не толку дисциплиниран и перфектен, но има нешто топло и човечко во главниот лик.

Тој е избраниот кој треба да го отплетка клопчето со мистеријата и да ја пронајде вистината која се крие позади последните изговорени зборови на старицата.

Манкел има вистински талент за создавање напната атмосфера. Тој создава реални ликови, кои помешани со адреналин и возбуда го движат дејството, потпомогнато од суровите шведски температури, кои доловуваат студен екстериер.

„Време за живеење и време за умирање“. Време е да ја прочитате оваа книга.

3-psiholoski-trileri-koi-ke-vi-ja-zaledat-krvta-3.jpg

„Пред да заспијам“ – Стивен Вотсон

Кристина живее со ретка форма на амнезија. Нејзиниот мозок е „програмиран“ да ги избрише сите сеќавања на крајот од денот. Сонот целосно и ја поматува сликата за себе и минатото.

По инструкции на нејзиниот психијатар таа води таен дневник, кој започнува со интригантна порака: „Не му верувај на Бен!“

А Бен е стожерот на нејзиниот живот, единствениот во кој Кристина смета дека има целосна доверба.

Оваа книга содржи универзална вистина, дека човекот и покрај сите трауми е нескршлив, дека е борбен и неуморен на патот до вистината.

Возбудата и прашањата остануваат до последната страница. Содржината ќе ве држи во неизвесност и напнатост која долго ќе ја паметите.

3-psiholoski-trileri-koi-ke-vi-ja-zaledat-krvta-4_copy.jpg

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Две книги од Сандра Браун што ќе ве остават без здив Ако сакате да прочитате интересни книги, полни со љубов и трилер заплети, избере...
Три кралски приказни: Книги кои ќе ги прочитате за еден викенд Од робинка до кралица, тајна руска агентка во времето на Распутин, жена што се п...
3 романи за роматични души што ќе ве разнежнат пред Валентајн Во пресрет на Денот на вљубените, зошто да не прочитате еден, или можеби сите тр...
„Лејла“ од Колин Хувер и уште 2 одлични напнати книги за летните денови  Лето на плажа и добра книга... Тоа е комбинација која за многумина е вистинско о...
3 книги што може да ги подарите за 8-ми Март Цветот ќе овене, добрата книга со посвета ќе остане спомен засекогаш. На вашите ...
Амела Мемиш Апостоловска: „Аутизмот кај мојот син е инспирација за книгата 'Гласот на тишината'" На 06.11.2023 во Аросто кафе Скопје се одржа промоција на книга, промотор на кни...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg