6 книги идеални за читање во автобус

Ако сте од оние кои се возат од првата до последната станица, ако припаѓате на групата луѓе кои веќе немаат идеја што да слушаат во автобус, ако ви здосади гледањето во телефонот во текот на целиот пат – направете мал револуционерен потег...

6-idealni-knigi-za-citanje-vo-avtobus-01_copy.jpg

Читајте во автобус!

Понекогаш заглавуваме во сообраќајот дури и до 40 минути, што претставува одлична можност да се прочитаат многу страници од книгата за која никогаш не наоѓате доволно време во текот на денот.

Ова се нашите 6 предлози, интересни книги кои со сигурност ќе ве заинтересираат и во чија содржина ќе уживате.

Само внимавајте, да не ја пропуштите станицата за симнување.

Морт – Тери Прачет

Маестралниот Тери Прачет ја носи магијата на Дисксветот, измислен свет во кој владеат чудни правила.

Проткаено со многу откачен хумор, во сплет на смешни околности, младото несмасно момче Морт ќе стане чирак на Смртта. Одеднаш работите тргнуваат наопаку...

Смртта решава да здивне и да си одвои малку време за себеси. Како Морт ќе се снајде во новата животна улога?

Престижниот „Гардијан“ го оцени Морт како „Низа од непоматено уживање“.

6-idealni-knigi-za-citanje-vo-avtobus-02_copy.jpg

Смртта вози ауди – Кристијан Банг Фос

Добитник на Европската книжевна награда во 2013 година, овој чудесен роман ја следи приказната на Асгер, чиј живот пропаѓа поради плагијатот кој го направил – позајмена слика од интернет за потребите на рекламен постер.

Откако ќе доживее банкрот, Асгер прифаќа да се грижи за болно момче, кое има желба да стигне кај исцелител во Мароко. По патот забележуваат дека непрестајно ги следи црно Ауди возило. Патувањето се претвора во трка со смртта...

6-idealni-knigi-za-citanje-vo-avtobus-03_copy.jpg

Марина – Карлоз Руиз Зафон

Ќе имате чувство како да сте присутни во магичната Барселона. Младиот Оскар ја запознава Марина и нејзиниот татко и спонтаната средба набрзо преминува во искрено пријателство.

Двете деца ќе откријат тајна закопана длабоко во минатото. Кој е Михаил Колвеник? Човек кој тргнал против смртта, чија цена ја плаќаат сите негови пријатели чии животи ќе се вкрстат со неговиот.

Возбудливо, интересно, морничаво и страшно. Преполно емоции. Ќе уживате во оваа книга.

6-idealni-knigi-za-citanje-vo-avtobus-04_copy.jpg

Во Кралството, Мојот живот во семејството Бин Ладен – Кармен Бин Ладен

Кармен се осудила да ја раскаже вистинската приказна на својот живот 40 години подоцна.

Шокантна, потресна и тажна сторија за тоа како е да се биде жена во Саудиска Арабија и како е да се биде дел од моќниот клан Бин Ладен.

Голготата на Кармен започнува со мажењето за еден од браќата на Осама Бин Ладен...

6-idealni-knigi-za-citanje-vo-avtobus-05.jpg

Фрида или за болката – Славенка Дракулиќ

Љубовта и болката се темите кои ги истражува Дракулиќ и се во центарот на вниманието.

Во славната мексиканска сликарка Фрида Кало, таа пронашла хероина и истражувајќи ги најдлабоките и најинтимните чувства, таа пронаоѓа начин како да се справи со подемите и падовите на животот.

Ќе дознаете многу за животот на Фрида Кало, и за животот општо.

6-idealni-knigi-za-citanje-vo-avtobus-06.jpg

Записи на младиот лекар – Михаил Булгаков

Оваа кратка автобиографска новела на мајсторот Булгаков ќе ве растажи и насмее истовремено.

6 различни приказни ја спојуваат сложувалката на млад неискусен лекар кој ќе заврши во мала зафрлена провинција. Одеднаш лекарот го опседнува параноичен страв поради недостатокот од пракса.

Булгаков му удира вистинска шлаканица на општеството кое повеќе се грижи за учење теорија, отколку практична настава.

6-idealni-knigi-za-citanje-vo-avtobus-07.jpg

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

3 романи за роматични души што ќе ве разнежнат пред Валентајн Во пресрет на Денот на вљубените, зошто да не прочитате еден, или можеби сите тр...
3 предлог книги од Милан Кундера, што секој интелектуалец треба да ги прочита „Шега“ е првиот роман на Кундера инспириран од случувањата во неговиот приватен ...
Три кралски приказни: Книги кои ќе ги прочитате за еден викенд Од робинка до кралица, тајна руска агентка во времето на Распутин, жена што се п...
„Лејла“ од Колин Хувер и уште 2 одлични напнати книги за летните денови  Лето на плажа и добра книга... Тоа е комбинација која за многумина е вистинско о...
3 биографии што треба да ги прочитате оваа есен (за луѓето што не се повеќе со нас) „Здраво, се викам Метју, иако можеби ме знаете и по друго име. Пријателите ме ви...
3 книги што ќе ве замислат (и ќе ве вовлечат во сосема поинаков свет) Наставник по историја кој е жив неколку векови, но не смее да се вљуби, момче шт...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg