Промоција на „Сиво сјаат вселените“ од Стефан Марковски

На 22 декември (четврток) во 19 часот во реновираниот простор на сутеренот на Домот на градежниците ќе се одржи промоцијата на четвртата поетска збирка на Стефан Марковски – „Сиво сјаат вселените“.

promocija-na-sivo-sjaat-vselenite-od-stefan-markovski-01.png

Стихозбирката со која овој автор ја доби наградата „Бели мугри“ за 2016-та, признание кое го доделува ЈУ Дом на култура „Кочо Рацин“ од Скопје за најдобра необјавена поетска книга од автор до 35-годишна возраст има 85 страници, а дизајнот на корицата е на Ерина Поплавска.

Поетската книга е осма по ред во едицијата „Бели мугри“ во издание на Домот на култура,  нејзиното објавување е финансиски помогнато од Град Скопје.

„Сиво сјаат вселените“ содржи 23 песни поделени во 7 циклуси. Таа е втората поетска книга на Марковски објавена годинава, по In Nomine („Македонска Реч“, 2016).

Стефан Марковски (1990) е македонски писател, поет и сценарист од најмладата генерација.

promocija-na-sivo-sjaat-vselenite-od-stefan-markovski-1.jpg

Автор е книги од различни области и жанрови, приредувач е на една антологија и уредник во рамки на проектот „Метрички карван“.

Добитник е на книжевни награди и признанија за поезија, роман и кратка проза. Член е на ДПМ.

Магистрира на Катедрата за Сценарио на Факултетот за драмски уметности под менторство на проф. д-р Сашко Насев.

Промоцијата на збирката на Марковски се одржува во рамки на традиционалната поетска манифестација „Денови“ посветена на Кочо Рацин, во чиј склоп годинава ќе влезе и музичко-поетскиот театар „Ѕвездената љубов на Невен“.

Би можело да ве интересира:

Три лесни книги кои ќе ви го задржат вниманието и во најголемите жештини За некои летото е идеално време за читање, на други им е многу тешко да фатат кн...
Ружица од Скопје: „Имам библиотека од 400 книги, читам во автобус на пат кон работа - Кои ми се омил... „Голем удел во мојата љубов кон книгите има библиотекарката од моето основно учи...
Андриана од Битола: „Имав библиотека од 1.000 книги, пола морав да ги раздадам - Кои 5 ми се омилени... „Имам прочитано над 1.000 книги, а уште толку имам на листата. Свесна сум дека н...
Кристина од Скопје: „Дома имам скоро 700 книги, читам и по 10 месечно - Кои ми се омилени?“ „Уште кога сум била бебе, мајка ми обожавала да ми чита, а штом научив да читам,...
Маријана од Скопје: „На 10 години со заштедени 150 денари си ја купив првата книга“ „Мојата домашна библиотека има околу 700, а библиотеката на моите две мали ќерки...
Младата писателка Драгана Рајкова ја издаде својата 3-та книга – „Јети во сон“ Драгана има само 12 години, а досега има веќе објавено 3 книги - две стихозбирки...

Најчитани неделава