Книги со силни женски ликови кои ќе ве инспирираат

Книгите каде што главен двигател на дејството е женски лик се особено моќни и интересни за читање. Овие книжевни хероини стануваат култни ликови и синоними за упорност, челична волја и борбеност.

Knigi-so-silni-zenski-likovi-koi-ke-ve-inspiriraat-01.jpg

Хестер, Номбеко и Нафред се три силни жени кои се врзуваат со несекојдневни предизвици и ситуации, а нивната моќ доминира во книгите кои ви ги предлагаме оваа недела.

Какви се нивните приказни?

Скарлетното слово – Натаниел Хоторн

Во пуританската Нова Англија млада жена по име Хестер Прин има вонбрачно дете. Таа е принудена на својот фустан да ја носи скарлетната буква А, во знак на казна за прељубата што ја извршила.

Лажниот морал е проткаен низ целото дејствие, а Хестер е силна, непоколеблива и има потреба да се избори и да се издигне над перцепцијата која што ја имаат останатите за неа.

Knigi-so-silni-zenski-likovi-koi-ke-ve-inspiriraat-02.jpg

Девојката што го спаси кралот на Шведска - Јонас Јонасон  

Кралот и премиерот на Шведска исчезнуваат на 14-ти јуни во 2007 година за време на гала-банкет. Останатиот дел од приказната се сели во Јужна Африка во ’60-тите години на минатиот век. Малата Номбеко Мајеки води живот во кој започнува како чистачка, а потоа неочекувано станува дел од најголемите тајни воени проекти.

Таа станува мета на Јужноафриканската Република и на најопасната тајна служба во светот истовремено. Како ќе се поврзат двете приказни останува да откриете со читањето на ова возбудливо комично четиво.

Knigi-so-silni-zenski-likovi-koi-ke-ve-inspiriraat-03.jpg

Приказната на робинката – Маргарет Атвуд

Приказната се одвива во САД, за време на владеењето на тоталитарна христијанска теократија. Жените ги губат правата и се поделени во неколку категории. Една од нив се Робинките, жени кои служат како сурогат мајки, односно „подвижни матки“.

Нафред е една од нив и се наоѓа во куќата на еден од главните Команданти кои се одговорни за создавањето на новиот устав на САД.

Робинките по правило не би требало да имаат достоинство. Тие треба само да ја исполнат целта на раѓање на детето на некој голем моќник, а потоа да завршат како непотребен вишок.

Нафред се обидува да склопи пријателства со слични Робинки, во  општество каде што никој со никого не е пријател, никому не може да му се верува и секој има одредена цел и корист. Дали таа ќе успее да забремени од Командантот?

Knigi-so-silni-zenski-likovi-koi-ke-ve-inspiriraat-04.jpg

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

3 романи што ќе ве привлечат уште по првите прочитани страници Млада пациентка во кома раѓа здраво машко дете. Таа е феномен или е силувана дод...
Ружица од Скопје: „Имам библиотека од 400 книги, читам во автобус на пат кон работа - Кои ми се омил... „Голем удел во мојата љубов кон книгите има библиотекарката од моето основно учи...
Андриана од Битола: „Имав библиотека од 1.000 книги, пола морав да ги раздадам - Кои 5 ми се омилени... „Имам прочитано над 1.000 книги, а уште толку имам на листата. Свесна сум дека н...
Кристина од Скопје: „Дома имам скоро 700 книги, читам и по 10 месечно - Кои ми се омилени?“ „Уште кога сум била бебе, мајка ми обожавала да ми чита, а штом научив да читам,...
3 книги за силни жени во арапскиот свет - интригантни приказни што мора да ги прочитате Две жени во Иран се борат за женските права; Американка која се мажи за Иранец и...
Три задолжителни книги за сите љубители на научната фантастика Шамански моќи, специјални дарби кои се пренесуваат од колено на колено, тајни св...

Најчитани неделава