Нови трилер книги кои треба да ги прочитате во март

Читањето трилер е посебно доживување. Тие целосно ве вовлекуваат во приказната, ги вртите страниците како опседнати и колку и да звучи смешно, и покрај возраста, по читањето едноставно не ви е сеедно сами да отидете до тоалетот.

3-fantasticni-novi-trileri-koi-treba-da-gi-procitate-ovoj-mart-01.jpg

Овој март време е за три фантастични нови трилери кои целосно ќе го окупираат вашето внимание:

Колекционер на очи - Себастијан Фицек  

Колекционерот има посебен метод на убивање. Прво ја убива мајката, па го киднапира детето, а таткото има 45 часа на располагање за да го пронајде.

Александер Зорбах е поранешен полицаец кој работи како новинар. Неговата опесија е Колекционерот на очи. Зорбах е вовлечен во немилосрдна и опасна игра – неговиот паричник е најден до женскиот труп и одеднаш станува осомничен. Тој има 45 часа да го спаси животот на малото момче. Криенката може да започне.

3-fantasticni-novi-trileri-koi-treba-da-gi-procitate-ovoj-mart-02.jpg

Само еден труп повеќе - Рамиро Пиниља

Санчо неочекувано ќе добие многу сандаци книги од блисок роднина и решава да отвори книжарница. Тој истовремено има страст кон пишувањето и мечтае да стане познат писател на детективки романи и трилери. Но, издавачите еден по еден му ги враќаат ракописите.

А, дали има подобра инспирација од вистински настан? Санчо ќе започне да го истражува единственото злосторство кое се случило во местото каде што живее и се претвора во детектив.

Кој сакал да ги убие близнаците Алтубе? Возбудлива приказна која нема да ви даде мир до последната страница.

3-fantasticni-novi-trileri-koi-treba-da-gi-procitate-ovoj-mart-03.jpg

Во една мрачна, мрачна шума - Рут Веар  

Леонора е писател на крими романи која по никоја цена не сака да се оддалечи од својата куќа каде што ги пишува романите. Но, кога ќе добие покана од пријателката со која не контактирала години наназад, нема да може да одолее. По викендот во стаклената морничава куќа скриена длабоко во шумата, Нора се буди во болница и едноставно знае дека некој е мртов.

Што се случи? Кој е виновникот? Што сторив? Нора ќе мора да започне да копа длабоко во минатото откривајќи шокантни тајни и наоѓајќи одговор на сите нејзини прашања.

3-fantasticni-novi-trileri-koi-treba-da-gi-procitate-ovoj-mart-04.jpg

(O)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

5 трилери од Крис Картер за детективот Роберт Хантер - романи кои нема да сакате да ги оставите Роберт Хантер е главниот лик во скоро сите книги на авторот Крис Картер. То...
Три трилери кои задолжително треба да ги прочитате во септември Аутистично момче (5) преку своите цртежи дава траги за убиство; жена се обидува ...
Шест љубовни романи, идеални за сите непоправливи романтичари Во некои ликови ќе се заљубите веднаш, други ќе ви бидат помалку симпатични, но ...
3 трилери за жени-детективки кои ќе ве држат во неизвесност до последната страница Сериски убиец кој не убива од омраза; детективка која бара мистериозен демнач, а...
3 одлични книги по кои се снимени хит-серии и мора да ги прочитате Прочитајте ги овие одлични дела и дознајте колку филмската адаптација се разлику...
Напнати трилери од Тес Геритсен кои ќе ве држат „будни“ до последната страница Љубителите на криминалистичките приказни сигурно слушнале за Рицоли и Ајлс - дет...

Најчитани неделава