Викенд предлози: 3 книги како создадени за читање надвор, под пролетното сонце

Оваа недела ви препорачуваме три прекрасни книги за кои едноставно мора да пронајдете време за читање, иако сонцето ве мами да излезете надвор. Па, еве уште подобра идеја - земете некоја од трите предложени книги и излезете да ја читате надвор на сонце.

Ananka-realniot-zivot-na-Romite-vo-Topaana-01.jpg

Ви ветуваме дека нема да се покаете и дефинитивно ќе ги препорачате некому кој ужива во убавиот напишан збор:

Ананка - Јусуф Сулејман  

Скопската населба Топаана е вистинско олицетворение на космополитизмот, мешавина на неколку етникуми кои години наназад го делат доброто и злото на животот.

Судбината на Ананка е запечатена со заветот за искрена и вечна љубов. Таа ја дочекува војната без својот љубен. Тој пак е југословенски кралски воен заробеник, кој останува во воедно, а подоцна и во доброволно заробеништво во Германија.

Ананка е молчалива, трпелива и достоинствена жена, а нејзината борбеност ѝ дава доволно сила да оди и да го спаси својот внук во Сплит за време на распадот на СФРЈ. Ова е еден свеж и поинаков роман од она што би го очекувале. Ова е роман за ромите кои живеат во Македонија, нивниот животен печат и поврзаноста со универзумот.

Ananka-realniot-zivot-na-Romite-vo-Topaana-02.jpg

Гертруда - Херман Хесе

Кун ја обожава музиката уште од мали нозе, па таа станува негова професионална определба. Но, тој нема таква среќа и во љубовта. Жената во којашто е вљубен Кун се мажи за неговиот најдобар пријател Хајнрих.

Бракот на Гертруда и Хајнрих се покажува како катастрофална одлука и двајцата ги остава целосно разочарани и уништени. Сепак, оваа трагедија служи како одреден вид инспирација за Кун и операта која ја компонира и која станува неговиот најголем уметнички дострел во кариерата.

Ananka-realniot-zivot-na-Romite-vo-Topaana-03.jpg

Францускиот тестамент - Андреј Макин  

Андреј е особено приврзан за баба си Шарлота. Таа живее на село и умее да раскажува чудесни приказни со која го маѓепсува не само својот внук, туку сите деца во селото.

Андреј од неа учи неверојатни работи, но воедно ја запознава Русија каква што не верувал дека била некогаш – бедна земја во која беснее глад, хаотична поради виорот на студената и крвавата војна.

Тој ги проткајува нејзините приказни во својот таен свет на спомени кои го обликуваат во човекот како што созрева. Шарлота е олицетворение на безгрижната префинета Франција, која се чини како многу попримамлива идеја за разлика од студената Русија.

Андреј се претвора во отпадник и талкач низ Европа, растргнат помеѓу визиите, тагата и надежта.

Ananka-realniot-zivot-na-Romite-vo-Topaana-04.jpg

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Ружица од Скопје: „Имам библиотека од 400 книги, читам во автобус на пат кон работа - Кои ми се омил... „Голем удел во мојата љубов кон книгите има библиотекарката од моето основно учи...
Андриана од Битола: „Имав библиотека од 1.000 книги, пола морав да ги раздадам - Кои 5 ми се омилени... „Имам прочитано над 1.000 книги, а уште толку имам на листата. Свесна сум дека н...
Книги од македонски автори кои мора да ги прочитате до крајот на 2025 Потрага по сериски убиец во Италија; млад брачен пар кој се соочува со морничави...
3 романи што ќе ве привлечат уште по првите прочитани страници Млада пациентка во кома раѓа здраво машко дете. Таа е феномен или е силувана дод...
Кристина од Скопје: „Дома имам скоро 700 книги, читам и по 10 месечно - Кои ми се омилени?“ „Уште кога сум била бебе, мајка ми обожавала да ми чита, а штом научив да читам,...
Три книги од различни жанрови, кои ќе ве држат „будни“ до последната страница Историска драма за жени затворени во болница за душевни болести во Париз во 19 в...

Најчитани неделава