3 книги кои потврдуваат дека жената е најтврдото оревче

Да се биде жена и мајка е најубавата и најтешката задача истовремено. Предизвиците и борбата со која се соочува една жена никогаш нема да ги сфати мажот колку и да се обидува.

3-knigi-koi-potvrduvaat-deka-zenata-e-najtvrdoto-orevce-01.jpg

Можеби затоа овие три книги ќе им „легнат“ особено добро на женскиот пол.

Тие се доказ и книжевни сведоштва дека и покрај сé, сите препреки и маки, жената е најсилното и најтврдото оревче:

Ана, Хана и Јохана - Маријане Фредриксон  

Прекрасна емотивна книга која опишува три генерации жени со различни, а сепак слични судбини. Силата на жената ја имате повторно на дланка испишана на хартија.

Улогата на жената прикажана низ временски период подолг од еден век. 3 жени кои припаѓаат на едно исто семејство. Ана, Хана и Јохана.

Ќе се смеете, ќе се радувате и ќе заплечете заедно со нив. Ќе ги осудите и ќе им се восхитувате. Вистински рингишпил од емоции.

3-knigi-koi-potvrduvaat-deka-zenata-e-najtvrdoto-orevce-02.jpg

За тебе моја Долорес - Саша Божовиќ

Оваа книга е достапна на македонски јазик, но поради изданијата кои датираат многу одамна може да ја најдете во библиотеките. Сепак, не смеете да ја пропуштите.

Вистинска приказна, сведоштво на една мајка и нејзината најголема лична трагедија -  да се изгуби детето, малото бебенце во една сурова војна.

„За тебе моја Долорес“ е прогласена за најчитана книга во 1980 година во поранешната Југословенска Република.

3-knigi-koi-potvrduvaat-deka-zenata-e-najtvrdoto-orevce-03.jpg

Невеста во Борџии – Џин Калогридис

Скандалозното владеење на папата Александар VI, познат како Родриго Борџија. Татко на 4 нелегитимни деца кои ги користи како играчки кога станува збор за решавање на деликатни политичко-верски прашања.

Наратор на приказната е принцезата Санча од Арагон, невеста на најмладиот 13-годишен син Џофри на папата.

Санча е плен во пајакова мрежа, исплетена од заговори, еротски игри и смртни опасности. Магнетски привлечена кон кардиналот Чезаре кој не ѝ припаѓа, развлечена помеѓу забранетата љубов и страста од една и правдата и честа од друга страна.

Вистинско разоткривање на валканите тајни на Ватикан надополнето со мајсторско раскажување. Скандали, набој од емоции и драма до последната страница.

3-knigi-koi-potvrduvaat-deka-zenata-e-najtvrdoto-orevce-04.jpg

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Ружица од Скопје: „Имам библиотека од 400 книги, читам во автобус на пат кон работа - Кои ми се омил... „Голем удел во мојата љубов кон книгите има библиотекарката од моето основно учи...
Андриана од Битола: „Имав библиотека од 1.000 книги, пола морав да ги раздадам - Кои 5 ми се омилени... „Имам прочитано над 1.000 книги, а уште толку имам на листата. Свесна сум дека н...
Љубица од Гевгелија има библиотека со над 500 книги - Кои три ѝ се омилени? „Првите книжевни солзи ги пролеав читајќи ја 'Колибата на чичо Том'. Моето детск...
3 трилери за жени-детективки кои ќе ве држат во неизвесност до последната страница Сериски убиец кој не убива од омраза; детективка која бара мистериозен демнач, а...
Маријана од Скопје: „На 10 години со заштедени 150 денари си ја купив првата книга“ „Мојата домашна библиотека има околу 700, а библиотеката на моите две мали ќерки...
3 книги за силни жени во арапскиот свет - интригантни приказни што мора да ги прочитате Две жени во Иран се борат за женските права; Американка која се мажи за Иранец и...

Најчитани неделава