Жешки соло татковци - нови омилени јунаци на жените

Кому му е сè уште потребен Кристијан Греј? Во женските фантазии, возбудливите богаташи ги заменија сексапилните, но сигурни татковци од соседството.

zheshki-solo-tatkovci-novi-omileni-junaci-na-zhenite-1_copy.jpg

Жените повеќе не сонуваат за дрски богаташи кои ќе ги покорат со својот шарм и одведат на вечера со приватен авион, а потоа остават да тапкаат во темнината, додека повторно не ги побараат за жешки сексуални авантури.

Наместо нив, сега најголем интерес будат нежните и чувствителни фраери, кои веќе имаат едно дете, а се подготвени за љубов и заштитнички се настроени. Најновиот тренд го откриваат податоците на издавачките куќи, кои првенствено публикуваат љубовни и секси романи наменети за женската читателска публика.

zheshki-solo-tatkovci-novi-omileni-junaci-na-zhenite-2.jpg

Компанијата „Mills&Boon“ прва го воочила големиот пораст на побарувачката за љубовни романи, каде токму секси соло татковците се во главната улога, а фактот дека на жените им е моментално омилен баш таков профил на мажи, го потврдуваат и другите издавачи на книги.

Поради тоа, не чудете се доколку на полиците во книжарницата наскоро здогледате четива со зборот „татко“ во насловите, а проследени се со задолжителни фотографии од привлечни мажи на корицата.

zheshki-solo-tatkovci-novi-omileni-junaci-na-zhenite-3.jpg

Зад  серијата хит жешки наслови стојат неколку женски авторки, кои го препознале трендот, па во своите романи ја прикажале љубовната приказна која настанува кога една „сосема обична девојка“ ќе запознае симпатичен маж, што во неа ја препознава својата вистинска љубов.

Гласноговорничката на компанијата „Mills&Boon“ открива дека жените го обожуваат овој тип на книги, бидејќи без проблем можат да се соживеат со дејството и препознаат својата симпатија од реалниот живот во главниот јунак. Имено, поголема е веројатноста дека ќе запознае разведен маж или вдовец со дете, отколку гламурозен милионер кој сака баш девојка од соседството.

zheshki-solo-tatkovci-novi-omileni-junaci-na-zhenite-4.jpg

Покрај тоа, ваквите книги им ја враќаат сексуалната улога на сингл татковците, што е освежувачка новина, бидејќи јавноста воглавно ги доживува како добродушни ликови и материјал за најдобар пријател, ама не и љубовник.

Кое е вашето мислење на оваа тема?

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Книги од македонски автори кои мора да ги прочитате до крајот на 2025 Потрага по сериски убиец во Италија; млад брачен пар кој се соочува со морничави...
Ружица од Скопје: „Имам библиотека од 400 книги, читам во автобус на пат кон работа - Кои ми се омил... „Голем удел во мојата љубов кон книгите има библиотекарката од моето основно учи...
Андриана од Битола: „Имав библиотека од 1.000 книги, пола морав да ги раздадам - Кои 5 ми се омилени... „Имам прочитано над 1.000 книги, а уште толку имам на листата. Свесна сум дека н...
Три книги полни со топлина, во кои ќе уживаат и децата и возрасните Ако решите на своите најмили да им ги читате на глас овие книги, тие ќе ве поврз...
Три книги од различни жанрови, кои ќе ве држат „будни“ до последната страница Историска драма за жени затворени во болница за душевни болести во Париз во 19 в...
Љубица од Гевгелија има библиотека со над 500 книги - Кои три ѝ се омилени? „Првите книжевни солзи ги пролеав читајќи ја 'Колибата на чичо Том'. Моето детск...

Најчитани неделава