Трилер од кој ви се смрзнува здивот: Дигитална тврдина - замокот на 21 век

Кога непобедливата машина за пробивање на кодови на Агенцијата за национална безбедност ќе се соочи со таинствениот код што не може да го пробие, агенцијата ќе го повика својот главен криптограф, Сузан Флечер, брилијантна, убава математичарка.

triler-od-koj-vi-se-smrznuva-zdivot-digitalna-tvrdina-zamokot-na-21-vek-01.jpg

Она што таа ќе го открие ќе ги затресе коридорите на моќта. Агенцијаа ќе биде држена во заложништво, не со оружје и бомби, туку со помош на код  - толку комплексен што може да го осакати разузнавањето на САД, ако се активира.

Фатена во се позабрзана бура од тајни и лаги, Флечер се бори да ја спаси агенцијата во која што верува. Предадена од сите страни, таа се наоѓа себе си како се бори не само за својата татковина, туку и за својот живот, а на крајот, и за животот на човекот кој го сака.

Дигитална тврдина е интелигентна книга што се чита со истото темпо како и некој хит филм, најдобар и најреалистичен техно-трилер што се појавил на пазарот со години.

triler-od-koj-vi-se-smrznuva-zdivot-digitalna-tvrdina-zamokot-na-21-vek-02.jpg

Способноста на Ден Браун да го наслика со живи бои нејасниот просор меѓу личните слободи наспроти националната безбедност...е за восхитување...со секоја наредна минута, читателите ќе почувстгуаат ново возбудување.

Книгата може да ја најдете во издавачката куќа Магор.

Би можело да ве интересира:

3 романи што ќе ве привлечат уште по првите прочитани страници Млада пациентка во кома раѓа здраво машко дете. Таа е феномен или е силувана дод...
Ружица од Скопје: „Имам библиотека од 400 книги, читам во автобус на пат кон работа - Кои ми се омил... „Голем удел во мојата љубов кон книгите има библиотекарката од моето основно учи...
Три задолжителни книги за сите љубители на научната фантастика Шамански моќи, специјални дарби кои се пренесуваат од колено на колено, тајни св...
Напнати трилери од Тес Геритсен кои ќе ве држат „будни“ до последната страница Љубителите на криминалистичките приказни сигурно слушнале за Рицоли и Ајлс - дет...
Љубица од Гевгелија има библиотека со над 500 книги - Кои три ѝ се омилени? „Првите книжевни солзи ги пролеав читајќи ја 'Колибата на чичо Том'. Моето детск...
3 книги за силни жени во арапскиот свет - интригантни приказни што мора да ги прочитате Две жени во Иран се борат за женските права; Американка која се мажи за Иранец и...

Најчитани неделава