Илјада и една ноќ - една од најчитаните книги во историјата на човештвото

Илјада и една ноќ е една од најчитаните книги во историјата на човештвото, веднаш по Библијата и Бајките на браќата Грим.

iljada-i-edna-nokj-edna-od-najcitanite-knigi-vo-istorijata-na-covestvoto-001.jpg

Собирани и пренесувани со векови од Индија, Персија и низ целиот арапски свет, хипнотизирачките текстови од Илјада и една ноќ раскажуваат реални и натприродни приказни за љубовта и бракот, за моќта у казната, за богатството и сиромаштијата, како и за бесконечните промени и пресврти на судбината.

Приказните ги раскажува убавата и умна Шехерезада. Таа се наоѓа во рацете на кралот Шахријар, кој се има заречено дека секоја ноќ ќе убие по една девица. За да се спаси, Шехерезада остроумно плете мрежа од приказни, секоја вечер оставајќи го кралот во неизвесност за тоа како ќе заврши приказната, на тој начин продолжувајќи си го животот за уште еден ден.

Илјада и една ноќ е богат калеидоскоп од приказни исполнети со магија, мистицизам, еротизам и смеа, еден од најдобрите примери за возбудливоста на литературата и нејзината смисла.

Илјада и една ноќ е океан од приказни во кој треба да си плива целиот живот.“
The Sunday Times

„Приказните пулсираат од секс, магија и морални дилеми, додека насилството ги истакнува моментите на чиста убавина...“
Publishers Weekly

„Смешни, застрашувачки, трогателни, просветлувачки приказни полни со сознанија...“
Booklist

Книгата може да ја најдете во издавачката куќа Магор.

Би можело да ве интересира:

Книги од македонски автори кои мора да ги прочитате до крајот на 2025 Потрага по сериски убиец во Италија; млад брачен пар кој се соочува со морничави...
Андриана од Битола: „Имав библиотека од 1.000 книги, пола морав да ги раздадам - Кои 5 ми се омилени... „Имам прочитано над 1.000 книги, а уште толку имам на листата. Свесна сум дека н...
Три книги полни со топлина, во кои ќе уживаат и децата и возрасните Ако решите на своите најмили да им ги читате на глас овие книги, тие ќе ве поврз...
Три книги од различни жанрови, кои ќе ве држат „будни“ до последната страница Историска драма за жени затворени во болница за душевни болести во Париз во 19 в...
Ружица од Скопје: „Имам библиотека од 400 книги, читам во автобус на пат кон работа - Кои ми се омил... „Голем удел во мојата љубов кон книгите има библиотекарката од моето основно учи...
Кристина од Скопје: „Дома имам скоро 700 книги, читам и по 10 месечно - Кои ми се омилени?“ „Уште кога сум била бебе, мајка ми обожавала да ми чита, а штом научив да читам,...

Најчитани неделава