Трилери кои ќе ве освојат од првата до последната страница

Добрите книги од жанрот трилер се подеднакво заразни како и добрите филмови и серии. Делат една заедничка особина–може да ве остават без сон додека не ги завршите до доцна во ноќта или до раното утро.

Trileri-koi-ke-ve-osvojat-od-prvata-do-poslednata-stranica-01.jpg

За вас имаме 4 одлични трилери кои нема да ви дадат мир додека не ги прочитате. Ветуваме возбуда и адреналин до последната страница:

Девојката пред мене - Џ. П Дилејни

Ема бара ново место за живеење откако некој ќе провали во нејзиниот дом. Конечно ја наоѓа куќата од соништата, вистинско архитектонско уметничко дело на улицата Фолгејт. Но, куќата има строги правила на однесување.

Мистериозниот архитект кој ја дизајнирал куќата има целосна контрола врз неа. Не се дозволени книги, рамки за слики, перници, сувенири, какви било украси. Сите се во колоната на забранетото.

Целта на овој начин на живот е да го трансформира станарот.

Џејн е девојка на која очајно ѝ е потребен нов животен почеток. Наскоро и таа ја открива куќата на Фолгејт, се среќава со мистериозниот архитект и дознава за несреќната смрт на претходната станарка која наликувала многу на неа.

Џејн одеднаш се наоѓа во свет во кој не може да ја одвои вистината од лагата. Несвесно почнува да ја следи истата шема на однесување како и девојката пред неа. Ги запознава истите луѓе, ги прави истите избори и го преживува истиот терор како и станарката пред неа.

Trileri-koi-ke-ve-osvojat-od-prvata-do-poslednata-stranica- (3).jpg

Кошмар – Лаш Кеплер

Безживотното тело на млада жена е пронајдено на брод, и сите знаци укажуваат на тоа дека била удавена. Но, најчудното нешто е што нејзините алишта се сосема суви.

Следниот ден во Стокхолм пронајден е обесен човек, станот е целосно празен. Неминовно се поставува прашањето како успеал да се обеси без ниту едно парче мебел во домот?

Детективот Лина започнува да ги составува парчињата на сложувалката. Двете навидум неповрзани мистерии излегува дека се дел од многу похаотичен опасен план. Вистински кошмар.

Кеплер е авторот на бестселерот Хипнотизер, па сите кои уживавте во таа книга, со сигурност ќе ви се допадне и оваа.

Trileri-koi-ke-ve-osvojat-od-prvata-do-poslednata-stranica- (1).jpg

Девојката без минато - Катрин Крофт

Сите кои ја обожаваат Ејми ја нема и Девојката од возот ќе уживаат во Девојката без минато.

Леа Милс нема пријатели, ниту момче. Таа успешно го крие своето минато, но одеднаш во нејзиниот живот се појавува Џулијан. Леа за прв пат почнува да верува дека може да биде среќна и да има нормален живот.

Но, на 20-годишнината од немилиот настан, Леа добива писмо. Некој знае точно што се случило на кобниот ден. И нема намера да запре додека целосно не го уништи она што преостанало од животот на Леа.

Сепак, читајќи ја приказната почнуваме да се запрашуваме – дали Леа го заслужува ова мачење? Дали таа е жртвата – или виновникот?

Trileri-koi-ke-ve-osvojat-od-prvata-do-poslednata-stranica- (2).jpg

(O)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Ружица од Скопје: „Имам библиотека од 400 книги, читам во автобус на пат кон работа - Кои ми се омил... „Голем удел во мојата љубов кон книгите има библиотекарката од моето основно учи...
Андриана од Битола: „Имав библиотека од 1.000 книги, пола морав да ги раздадам - Кои 5 ми се омилени... „Имам прочитано над 1.000 книги, а уште толку имам на листата. Свесна сум дека н...
Љубица од Гевгелија има библиотека со над 500 книги - Кои три ѝ се омилени? „Првите книжевни солзи ги пролеав читајќи ја 'Колибата на чичо Том'. Моето детск...
Три книги од „кралицата на романтичните комедии“, Софи Кинсела, што мора да ги прочитате Сите романтични души во животот мора да прочитаат барем една романтична книга од...
3 романи што ќе ве привлечат уште по првите прочитани страници Млада пациентка во кома раѓа здраво машко дете. Таа е феномен или е силувана дод...
Книги од македонски автори кои мора да ги прочитате до крајот на 2025 Потрага по сериски убиец во Италија; млад брачен пар кој се соочува со морничави...

Најчитани неделава