3 предлог книги со кои последните студени денови ќе поминат побрзо

Кое време е погодно за читање? Секое време од годината, денот и ноќта. Тоа и само тоа е вистинскиот одговор.

Na-rab-na-ludilo-sme-so-novite-naslovi-01.jpg

Сега, кога снегот полека крцка и се топи под нашите нозе и сме во очекување на потоплите пролетни пејзажи, немате никакви изговори да не одвоите време за:

Сета светлина што не можеме да ја видиме - Ентони Дор

Две личности, две срца се испреплетуваат поради играта на животот и судбината.

Мари-Лор е слепа од својата 6-годишна возраст. Нејзиниот татко кој работи како клучар изработува совршена макета на населбата во којашто живеат, со цел Мари-Лор да се движи полесно низ вистинската.

Откако Германците ќе го окупираат Париз, синот и ќерката кои живееле во непосредна близина на Природонаучниот музеј во Париз завршуваат во Сен-Мало со највредниот музејски експонат, скапоцениот камен „Пламено море“.

Вернер и Јута се братче и сестриче-сираци кои живеат во загадениот Цолферајн. Откако ќе пронајде едно фрлено радио и ќе успее да го поправи, Вернер се фасцинира од необичноста на овие мали инструменти.

Талентот го носи на усовршување во хитлеровата младина, а подоцна и во Франција на специјална мисија каде што мора внимателно да го следи движењето на Отпорот.

А таму, во Сен-Мало, животот на Вернер се вкрстува со оној на Мари-Лор.

Na-rab-na-ludilo-sme-so-novite-naslov (2).jpg

На раб на лудило - Б.А. Парис

Страшна бура ја обвива ноќта кога Кес се враќа сама дома. Нејзиниот сопруг ја замолува да не го скратува патот низ шумата која е опасна и страшна во период на невреме.

Сепак, и покрај ветувањето, Кес не сака да патува цели 40 минути, па пресекува низ шумата. На морничавиот пат таа здогледува автомобил, а во него е седната жена која е сама.

Кес претпоставува дека таа чека некого и си го продолжува патот. Утредента дознава дека жената била убиена и не може да се помири со својата одлука да ја одмине жената без збор.

Кес се обидува да го извади злосторството од својата глава. Можеби и таа ќе била жртва доколку застанела да ѝ помогне на жената во автомобилот. Но, започнуваат да се случуваат чудни работи.

Кес заборава каде го паркирала автомобилот, дали се напила апче… нарачала бебешка количка, иако нема бебе, а не памети дека го сторила тоа.

Единствено не може да ја заборави жената што ја виде во автомобилот таа кобна ноќ…

Na-rab-na-ludilo-sme-so-novite-naslov (3).jpg

Минатото - Алан Паулс

Според оваа книга е снимен и филм во режија на Ектор Бабенко.

Римини и Софија имале 12-годишна врска која изгледала близу совршено, силно и нераскинливо, но на крајот сепак завршила неславно.

Но, минатото понекогаш нè врзува многу повеќе и подлабоко отколку што мислиме. Кога Римини ќе помисли дека конечно се „скрасил“ во светот, дека сите негови желби се исполнети, а тој е целосно реализиран поради новата љубов и семејството, одеднаш Софија повторно се враќа во неговиот живот.

Секоја нова средба е ново изненадување. Љубовта од минатото која се чини одамна заборавена почнува да се материјализира и во сегашноста. Останува прашањето дали Софија има сè уште искрена љубов во себе за Римини? Дали можеби му е само пријателка или пак огорчена поранешна девојка која ќе стори сè во нејзина моќ да му се одмазди за горчливото минато?

Авторот го пролонгира одговорот на сите овие прашања исклучително вешто до самиот крај на романот.

Na-rab-na-ludilo-sme-so-novite-naslov (1).jpg

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Ружица од Скопје: „Имам библиотека од 400 книги, читам во автобус на пат кон работа - Кои ми се омил... „Голем удел во мојата љубов кон книгите има библиотекарката од моето основно учи...
3 романи што ќе ве привлечат уште по првите прочитани страници Млада пациентка во кома раѓа здраво машко дете. Таа е феномен или е силувана дод...
Љубица од Гевгелија има библиотека со над 500 книги - Кои три ѝ се омилени? „Првите книжевни солзи ги пролеав читајќи ја 'Колибата на чичо Том'. Моето детск...
Три задолжителни книги за сите љубители на научната фантастика Шамански моќи, специјални дарби кои се пренесуваат од колено на колено, тајни св...
3 книги за силни жени во арапскиот свет - интригантни приказни што мора да ги прочитате Две жени во Иран се борат за женските права; Американка која се мажи за Иранец и...
Три книги од „кралицата на романтичните комедии“, Софи Кинсела, што мора да ги прочитате Сите романтични души во животот мора да прочитаат барем една романтична книга од...

Најчитани неделава