ЖЕНА на кориците и насловите - 3 одлични книги за женската моќ, доминација и слабост

Прочитајте нешто моќно кое ќе ви вреже длабок впечаток, наместо да ве остави рамнодушни и летаргични.

ZENI-na-koricite-i-naslovite-01.jpg

Жените отсекогаш биле огромна инспирација за авторите. Нивната комплексност, нивната убавина, нивната кршливост и доминација истовремено.

Која е вашата омилена книга со жените како главен мотив и двигател во дејствието? Доколку немате идеја што да прочитате во моментов, ние ви ги препорачуваме:

Како да заборавиш жена - Дан Лунгу

Анди и Марга работат за истиот мал весник, таа пишува „жолт“ печат, а тој е истражувачки новинар. Двајцата се поврзуваат заедно од чудни околности и живеат заедно една и пол година.

Она што наликува на убава хармонична врска наскоро се распаѓа во ненадејното заминува на Марга и нејзината чудна загадочна порака за збогум.

Анди, во потрага по рационален одговор за овој развој на настаните, преполн прашања, самоиронија и хумор налетува на група евангелистички протестанти и чувствува дека Бог е на неговата патека.

Ќе успее ли да ја заборави Марга и сите нејзини претходнички? Ќе го победи ли чувството на омраза кон сиот свет и ќе си ги врати ли мирот, наклоноста и толеранцијата?

ZENI-na-koricite-i-naslovite (3).jpg

Времето на жените - Елена Чижова

Никогаш или сосема ретко ќе ја слушнете женската историја или страна на една војна. Опсадата на Ленинград која траела 872 дена нема да ви ја раскажат славните мртви херои, оние кои ја извојувале големата „машка“ победа, туку нивните живи сопруги и сестри.

Оние кои биле сведоци како им се изгладнуваат најблиските до смрт. Оние силни жени кои морале да го продадат целото свое злато за парче сув леб за своите деца. Истите деца кои никогаш нема да ги слушнат нивните жртви и заложби на училиштето кое се борат да им го обезбедат.

Емотивен и трогателен роман за издржливоста на најсилните оревчиња, петте различни наратори во романот – жените.

ZENI-na-koricite-i-naslovite (1).jpg

Жената на францускиот поручник - Џон Фаулс

Сара Вудроф е мистериозна и фасцинантна млада жена, напуштена по кратката врска со француски поморски офицер.

Од друга страна, Чарлс Смитсон е господин кој финансиски не зависи од никого, свршен со Ернестина Фримен, убава богата наследничка и ќерка на помпезен богат трговец со стоки.

Но, Чарлс е опседнат од загадочната Сара. Тој е исполнет со страст која го води до еден вид на егзистенцијална празнина.

За него не останува никаков поинаков избор, освен да ја раскине свршувачката со Тина и да ја побара жената која ја има заробено неговата викторијанска душа.

Како ќе заврши овој заплеткан љубовен триаголник?

ZENI-na-koricite-i-naslovite (2).jpg

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Ружица од Скопје: „Имам библиотека од 400 книги, читам во автобус на пат кон работа - Кои ми се омил... „Голем удел во мојата љубов кон книгите има библиотекарката од моето основно учи...
Три лесни книги кои ќе ви го задржат вниманието и во најголемите жештини За некои летото е идеално време за читање, на други им е многу тешко да фатат кн...
Андриана од Битола: „Имав библиотека од 1.000 книги, пола морав да ги раздадам - Кои 5 ми се омилени... „Имам прочитано над 1.000 книги, а уште толку имам на листата. Свесна сум дека н...
Три книги совршени за читање во дождливите есенски денови Деца се главни ликови во книгите кои би можеле да ги прочитате месецов. А темите...
3 трилери за жени-детективки кои ќе ве држат во неизвесност до последната страница Сериски убиец кој не убива од омраза; детективка која бара мистериозен демнач, а...
Љубица од Гевгелија има библиотека со над 500 книги - Кои три ѝ се омилени? „Првите книжевни солзи ги пролеав читајќи ја 'Колибата на чичо Том'. Моето детск...

Најчитани неделава