Роман за потрагата по дом и себеси: „Годините кога научив да летам“

Младиот Михаил со немирен дух повеќе не се пронаоѓа во родниот град зафатен од токсичните стихии на загадувањето, економијата, политиката, безидејноста. 

roman za potragata po dom i sebesi godinite koga nauciv da letam 2

На дваесет и пет години, преиспитувајќи се себеси и своите корени, решава да си го бара домот под отворени неба. Напушта сè и тргнува на автостоперска авантура што неповратно му го менува животот. Во eден притаен натуралистички камп ја запознава глувонемата Алма Свенсон.

На последниот ден што го поминуваат заедно, девојката исчезнува, како никогаш да не постоела, фрлајќи го Михаил во очај. Нејзината единствена трага, и нему единствената надеж да ја најде, е едно „книжуле“ со неколку скинати страници, со размисли за некаков утопистички остров.

Талкајќи по недобројните патишта на Европа, Михаил го следи внатрешниот патоказ до непознатиот остров и душевниот мир што му го ветува, иако не знае дали воопшто постои.

Во срцевината на оваа авантура-мистерија лежи една човечка филозофија за сопствената потрага по дом, по смисла, по сродна душа.

Инспирирана од личните автостоперски патувања на авторот, Годините кога научив да летам ќе ве нурне во номадскиот свет на талкачите и трагачите, и водејќи ве по себеспознавачки координати, ќе ве потсети колку е важно да си го следиме внатрешниот глас.

Евгениј Хоуп е раскажувачкиот глас на Милош Димковски, кој е роден на 7 октомври 1991 година, во Куманово, Македонија. Има завршено Филолошки факултет во Скопје, отсек Општа и компаративна книжевност.

Бил дописник во Kултурната и Забавната редакција на Утрински весник. Во изминатите години има поминато над 30.000 автостоп­километри и романот Годините кога научив да летам е симболично преточување на спознаеното искуство.

Неговата авантуристичка природа му овозможува често да патува низ светот. Автор е и на романот Парада на марионетките (2011).

Книгата може да ја најдете во ТРИ Книжарниците.

roman za potragata po dom i sebesi godinite koga nauciv da letam 3

Би можело да ве интересира:

На 56 години, Мирјана Сионова од Охрид го стори тоа што многумина само сонуваат – ја издаде својата ... „’Европа нè чека нас‘ е повеќе од книга. Таа е потсетник дека никогаш не е доцна...
3 романи што ќе ве привлечат уште по првите прочитани страници Млада пациентка во кома раѓа здраво машко дете. Таа е феномен или е силувана дод...
Маријана од Скопје: „На 10 години со заштедени 150 денари си ја купив првата книга“ „Мојата домашна библиотека има околу 700, а библиотеката на моите две мали ќерки...
Кристина од Скопје: „Дома имам скоро 700 книги, читам и по 10 месечно - Кои ми се омилени?“ „Уште кога сум била бебе, мајка ми обожавала да ми чита, а штом научив да читам,...
Драгана Стратијева, автор на „Додека кафето не се излади“: „Добивав пораки од жени што не сум ги зап... Во еден момент сфатив дека луѓето не ги паметат зборовите затоа што се убаво нап...
Викторија од Кичево: „Мајка ми ме зачлени во библиотека на 10 години, имам над 500 книги - кои ми се... „Во просек читам 3 книги месечно, најмалку. Понекогаш и една дневно, тоа често м...

Најчитани неделава