75 години од смртта на Кочо Рацин, поетска гордост преточена низ најубавите љубовни стихови

Најголемиот македонски интелектуалец од неговото време. Неговата непресушна творба и инспирација го етикетираат како основоположник на современата македонска поезија, но Рацин е многу повеќе од тоа, филозоф, идеолог и револуционер.

75-godini-od-smrtta-na-Koco-Racin-01.jpg

Се навршија 75 години од неговата смрт на 13 јуни, 1943 година. Може многу да се зборува за ликот и делото на Кочо Рацин, но она што одново и одново нè фасцинира е неговата младешка невозвратена љубов кон сограѓанката од родниот Велес – Рахилка Раца Фирфова.

Љубов испишана со крв и мастило на точно 31 поштенска картичка во периодот помеѓу октомври 1928 година и март 1929.

600 редови стихови и проза за една непресушна, силна, незауздана љубов. Овие картички и вкупно 24 песни го сочинуваат поетскиот ракопис „Антологија на болката“.

За жал, Рахилка никогаш не му одговорила, ниту му возвратила на неговите љубовни исповеди.

Како изгледа да сака некој недостижен, толку силно и беспомошно, толку моќно и невозвратено, истовремено?

Веројатно изгледа вака… слава ти Рацин за сите прекрасни љубовни стихови и што значи да се сака една жена:

„Го земам твоето име како мое, а затоа ти подарувам бесмртност, кондензиран воздив по тебе. Антологија на болката… и мое портре ако побараш… капка крв од моето тело и душа - ја имаш веќе…“

„Моето идно име - ме врзува засекогаш со тебе… прости ми или преколнувај - сеедно. А јас сè љубам, сè проштевам и сè заборавам. Едно жалам: Што не ја чув смислата преку звукот на твоите зборови… или барем нивната трага со мастило…“

„Колку ли лудо ве сакам во болката! Па ако поминете утре со наведната глава немо покрај мене, божествена жено, знајте само: посилно одошто змијата кога сипе отров и со Болка, подлабока од мојот гроб - ве поздравува срцето што страда по вас…“

„Ах, визии, сон! Ме следиш и овде, сенко на мојот ум, низ оваа ноќ, додека плаче крвта во вениве мои по оние лудо расфрлани денови, со крик од Болката и Пламенитата Љубов - по две очи и две усни…“

„Сега низ мозокот ми маршираат мисли, облечени во црнина и следени со похотната, музика од Липтање, Болка и Патила…“

„Откинувам од срцето атом на Болката и Ти го подарувам Тебе, за да го престориш во Сладост… а соништата мои – бескрај на Нирвана…“

„Ќе ја преболат очиве и оваа светла ноќ, Страста, по која и ѕвездине патат, како и очиве мои, ќе ја преболат…“

„Туку, ноќва Болката во мојата душа ќе прави гоштевка: ќе ја запеат сите рани песната на Ужасот… О, слушни како ѕвонат солзите врз белиот креветски чаршаф…Акорд од липање и болка…“

„…Изутрина. Ги расклопувам очите. Во мојата уста твоето име наместо Господовото… Без тебе… Липање… Тоа не сум јас, туку мојата крв. Крв која шуми во вените и плаче по тебе…“

„ О… ти Љубов! Милост, мој Боже на земјата! Би заплакал, знај, зад петиците твои кога уште еднаш би можел да сакам… Ќе ги отворам вените пред твојата страст: крвта моја да те засити. Не ли ги видов твоите очи среќни ниту шепотот на твоите мраморни усти - пламениот занес на оваа крв е последната строфа, за сè...“

„Па ако бидеш среќна скорни си желба по мене и мојата крв: сети се само за мене и за мојата Болка. Ништо повеќе! Строфиве од крв се последниот отров за мојата љубов, тебе и Онаа. Онаа Бесмртната! Заблагодари ѝ се нејзе!“

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

3 романи за роматични души што ќе ве разнежнат пред Валентајн Во пресрет на Денот на вљубените, зошто да не прочитате еден, или можеби сите тр...
3 предлог книги од Милан Кундера, што секој интелектуалец треба да ги прочита „Шега“ е првиот роман на Кундера инспириран од случувањата во неговиот приватен ...
„Лејла“ од Колин Хувер и уште 2 одлични напнати книги за летните денови  Лето на плажа и добра книга... Тоа е комбинација која за многумина е вистинско о...
Три љубовни романи совршени за оваа зима Овие три љубовни романи се читаат без здив од првата до последната страница. А в...
3 лесни љубовни романи од Џорџија Кејтс, одлични за на плажа Трилогијата „Убавина“ на авторката Џорџија Кејтс е идеално четиво за на плажа. К...
3 биографии што треба да ги прочитате оваа есен (за луѓето што не се повеќе со нас) „Здраво, се викам Метју, иако можеби ме знаете и по друго име. Пријателите ме ви...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg