Книги од силни жени за уште посилни читатели

Без да сакаме да наметнеме некоја строга дистинкција, овојпат со особена гордост се одлучивме да препорачаме три прекрасни книги напишани од жени.

Knigi-od-silni-zeni-za-uste-posilni-citateli-01.jpg

Тие се силни, а нивните зборови посилни од мечот. Несомнено ќе уживате во изборот, а ние силно ве поттикнуваме да ги споделите книгите со некој друг откако ќе ги прочитате, бидејќи тие се како „ефектот на пеперутката, стигнуваат до другиот крај на светот каде што некој непознат човек ќе се препознае во нив“.

Knigi-od-silni-zeni-za-uste-posilni-citateli (4).jpg

Уживајте во прекрасно исткаените зборови на:

Ехо на слободата – Ана Јовковска

Ова е една од оние книги коишто може да ги оцените според корицата, колку и неправедно да звучи тоа. Бидејќи корицата е прекрасна. Невозможно е да не ви го одвлече погледот со впечатливата илустрација на Ване Костуранов.

Авторот и новинар, Ана Јовковска, ќе изјави дека „интервјуто е повеќе од занает, тоа е состојба на духот“. Над 1000 реализирани интервјуа во нејзината кариера, а изборот во оваа книга „паднал“ токму на овие 30.

Во „Ехо на слободата“ ќе прочитате кои стравови се контрапродуктивни според Дарко Лешоски, што значи да се сака сопствената земја според Вера Милошевска од групата „Љубојна“ и уште многу други искрени, топли, но и сурови и длабоко аналитички размислувања на интервјуираните.

Ќе го нахраните умот и ќе си ја стоплите душата. Со еден збор, ќе излезете помудри и побогати и ќе се охрабрите да сонувате и да делувате во еден подобар свет.

Knigi-od-silni-zeni-za-uste-posilni-citateli (1).jpg

Пијанистка – Елфриде Јелинек

Јелинек е етикетирана како прилично контроверзна и провокативна австриска писателка. Нејзината „Пијанистка“ отсликува жена растргната помеѓу строго утврдените општествени норми и нејзините најинтимни желби.

Ерика е професорка по пијано во Виена која живее со нејзината доминантна мајка. Однадвор изгледа здодевно, навидум просечна 38-годишна жена.

Одвнатре во неа врие оган, бура од емоции, каде што се прелеваат нејзините скриени инхибиции и силно потиснати фантазии.

Дејствието се заплеткува кога таа започнува врска со својот 17-годишен ученик кој се вљубува во неа, врска проткаена со насилство, срам, страст и заемно повредување и понижување.

Knigi-od-silni-zeni-za-uste-posilni-citateli (2).jpg

Јас, Мона Лиза – Џин Калогридис

Авторот кој ни е познат по уште едно блескаво дело „Невеста во Борџии“, овојпат ја портретира приказната за мистериозната Мона Лиза, инспирацијата зад најпознатото дело на Леонардо да Винчи.

Следејќи го нејзиниот живот од раѓањето, интригантната историја е испреплетена со љубов, предавства и загуба.

Која била мистериозната М(ад)она Лиза и зошто Леонардо ја чувал љубоморно за себе до крајот на својот живот?

Knigi-od-silni-zeni-za-uste-posilni-citateli (3).jpg

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Андриана од Битола: „Имав библиотека од 1.000 книги, пола морав да ги раздадам - Кои 5 ми се омилени... „Имам прочитано над 1.000 книги, а уште толку имам на листата. Свесна сум дека н...
Ружица од Скопје: „Имам библиотека од 400 книги, читам во автобус на пат кон работа - Кои ми се омил... „Голем удел во мојата љубов кон книгите има библиотекарката од моето основно учи...
Книги од македонски автори кои мора да ги прочитате до крајот на 2025 Потрага по сериски убиец во Италија; млад брачен пар кој се соочува со морничави...
Три задолжителни книги за сите љубители на научната фантастика Шамански моќи, специјални дарби кои се пренесуваат од колено на колено, тајни св...
Кристина од Скопје: „Дома имам скоро 700 книги, читам и по 10 месечно - Кои ми се омилени?“ „Уште кога сум била бебе, мајка ми обожавала да ми чита, а штом научив да читам,...
Три книги полни со топлина, во кои ќе уживаат и децата и возрасните Ако решите на своите најмили да им ги читате на глас овие книги, тие ќе ве поврз...

Најчитани неделава