Фасцинирачки факти за романот „Франкенштајн“

„Франкенштајн“ на Мери Шели важи за ремек-дело на класичната литература.

fascinirachki-fakti-za-romanot-frankenshtajn-01.jpg

Оваа приказна зборува за лудиот научник кој мртвите ги враќа во живот. Поуката е дека луѓето секогаш треба да се плашат од последиците кога замислуваат дека се Бог.

Како се создавало ова дело, прочитајте во продолжение:

1. Шели била тинејџерка кога почнала да го пишува

Мери Шели имала бурни тинејџерски години. На 16 години побегнала со поетот Перси Шели, а до полнолетството веќе имала две деца. Во 1816 го посетила Лордот Бајрон во Швајцарија, а во неговата вила започнала да ја пишува „Франкенштајн“. Книгата е објавена во 1818-та, кога таа имала 20 години.

2. „Франкенштајн“ победила на интерен натпревар на анонимни приказни

Ерупцијата на Тамбора во Индонезија предизвикала климатски промени дури во Швајцарија. Мери, Перси, Бајрон и лекарот Џон Полидори биле заглавени во вилата со денови поради невреме. Бајрон предложил секој да напише по една хорор приказна, без да се потпише и да ја одберат најдобрата.

Мери победила со приказната „Франкенштајн“. Полидори напишал приказна со наслов „Вампирот“, која го инспирирала Брам Стокер за „Дракула“.

fascinirachki-fakti-za-romanot-frankenshtajn-02.jpg

3. Шели ја сонувала приказната

Најпрво, немала идеја што да пишува, но потоа замижала и имала „буден сон“ за студент кој составува тело и го поврзува со машина и тоа оживува.

Кога ги отворила очите сфатила дека тоа е нејзината приказна.

„Тоа што ме ужасна мене, ќе ги ужасне и другите“, помислила таа и почнала со пишување уште истиот ден.

4. На книгата ѝ претходела трагедија

Неколку месеци пред да почне да пишува, Мери родила ќерка, која преживеала едвај шест недели. Исто така, нејзината сестра се самоубила. Мери родила четири деца, од кои само едно доживеало поголема возраст.

Во една од своите забелешки напишала дека сонувала како нејзиното бебе оживеало, но откако ќе се разбудела, сфаќала дека се работи само за сон.

5. Франкенштајн е научникот, не чудовиштето

Многумина го нарекуваат чудовиштето Франкенштајн, но тоа е името на научникот - Виктор Франкенштајн. Во книгата, всушност, чудовиштето се именува како „суштеството“, „демонот“ и „тоа“.

fascinirachki-fakti-za-romanot-frankenshtajn-03.jpg

6. Долго време се верувало дека нејзиниот сопруг ја напишал книгата

Најпрво, „Франкенштајн“ била издадена анонимно. Посветата била за Вилијам Годвин, таткото на Мери. Перси Шели го напишал предговорот. Многумина верувале дека тој е автор, дури и откако приказната била издадена со името на Мери.

Овој мит е актуелен и до денеска и многумина не се сигурни кој е вистинскиот автор. Единствено е познато дека идејата за проширување на приказната во новела била на Перси.

7. „Франкенштајн“ го носи епитетот прва научно-фантастична новела

Иако е готска хорор фикција, со модерната класификација на литературните жанрови, „Франкенштајн“ се сместува во групата на научно-фантастични новели. Овој наслов фигурира како прв во овој жанр.

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

На 56 години, Мирјана Сионова од Охрид го стори тоа што многумина само сонуваат – ја издаде својата ... „’Европа нè чека нас‘ е повеќе од книга. Таа е потсетник дека никогаш не е доцна...
Андриана од Битола: „Имав библиотека од 1.000 книги, пола морав да ги раздадам - Кои 5 ми се омилени... „Имам прочитано над 1.000 книги, а уште толку имам на листата. Свесна сум дека н...
3 романи што ќе ве привлечат уште по првите прочитани страници Млада пациентка во кома раѓа здраво машко дете. Таа е феномен или е силувана дод...
Кристина од Скопје: „Дома имам скоро 700 книги, читам и по 10 месечно - Кои ми се омилени?“ „Уште кога сум била бебе, мајка ми обожавала да ми чита, а штом научив да читам,...
Драгана Стратијева, автор на „Додека кафето не се излади“: „Добивав пораки од жени што не сум ги зап... Во еден момент сфатив дека луѓето не ги паметат зборовите затоа што се убаво нап...
Маријана од Скопје: „На 10 години со заштедени 150 денари си ја купив првата книга“ „Мојата домашна библиотека има околу 700, а библиотеката на моите две мали ќерки...

Најчитани неделава