Нови наслови за одличен почеток на есента

Есента некако најмногу прилега со книга во раката. Всушност, не постои лоша сезона за добра книга.

Novi-naslovi-na-odlicen-pocetok-na-esenta-01.jpg

Време е да се разбудиме од летната зачмаеност и да им се вратиме посериозно на читачките активности.

А, овој пат за вас имаме 3 нови предлози кои целосно ќе го окупираат вашето внимание:

Стоте највлијателни жени во историјата - Бранка Бугариска, Александра Симова

Жедни сте за доза мотивација? Овие жени се борци и без оглед на времето во кое живееле, продолжуваат да нè инспирираат на истиот начин.

Трнливиот пат во борбата за признавање и еднаквост сè уште продолжува, а го трасирале Роза Паркс, Ада Лавлејс до Малала Јусуфсај и уште 97 неверојатно силни, инспиративни жени.

Дизајнерки, истражувачки, политички фигури, уметници, професорки… постои ли нешто што жената не може да го направи? Одлична книга за себе, но и за подарок.

Novi-naslovi-na-odlicen-pocetok-na-esenta (1).jpg

Смртоносна терапија - Зигмунт Милошевски

За Милошевски се вели дека е врвен мајстор на полската литература. Возбудлива крими-приказна која започнува во еден манастир во Варшава.

Групната психотерапија користи нов метод на лекување – пациентите преземаат нови улоги кои ги оживуваат. По една таква сеанса Хенрик е брутално убиен со нож во окото.

Кој е злосторникот? Што е мотивот зад убиството? И зошто Тајната полиција за интересира за овој случај?

Novi-naslovi-na-odlicen-pocetok-na-esenta (2).jpg

Желки до бесконечност - Џон Грин

Дејвид е син на милијардер и за него има „потерница“ – награда од 100 илјади долари за оној кој ќе успее да му се приближи.

Аза е 16-годишна девојка која го познава Дејвид уште од детството кога заедно посетувале летен камп.

Заедно со нејзината пријателка Дејзи, желни за истражување, авантура и разоткривање мистерии се впуштаат во потрага по Дејвид.

Аза е преплавена од многу чувства, оние за Дејвид кои ги чува длабоко во себе, и некаде помеѓу борбата да биде добра ќерка, добра ученичка и добар детектив, нејзините хипохондрични мисли ја обвиваат и полека ја задушуваат.

Novi-naslovi-na-odlicen-pocetok-na-esenta (3).jpg

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Драгана Стратијева, автор на „Додека кафето не се излади“: „Добивав пораки од жени што не сум ги зап... Во еден момент сфатив дека луѓето не ги паметат зборовите затоа што се убаво нап...
Три лесни книги кои ќе ви го задржат вниманието и во најголемите жештини За некои летото е идеално време за читање, на други им е многу тешко да фатат кн...
Андриана од Битола: „Имав библиотека од 1.000 книги, пола морав да ги раздадам - Кои 5 ми се омилени... „Имам прочитано над 1.000 книги, а уште толку имам на листата. Свесна сум дека н...
3 трилери за жени-детективки кои ќе ве држат во неизвесност до последната страница Сериски убиец кој не убива од омраза; детективка која бара мистериозен демнач, а...
Дијана од Кавадарци има библиотека од 1.200 книги, месечно дава 4.000 денари за нови - Кои ѝ се омил... „На почетокот не купував книги, бев редовен посетител на градската библиотека и ...
3 книги за силни жени во арапскиот свет - интригантни приказни што мора да ги прочитате Две жени во Иран се борат за женските права; Американка која се мажи за Иранец и...

Најчитани неделава