Нови трилери кои ќе ве држат будни длабоко во ноќта

Температурите надвор се совршени за топло чајче и добра книга. А зарем има поинтересни и повозбудливи книги од трилерите?

Novi-trileri-koi-ke-ve-drzat-budni-01.jpg

Ве држат будни до длабоко во ноќта со ширум отворени очи, жедни за секоја нова страница, во немоќ да ја оставите книгата додека не ја свртите и последната страница.

Доколку не знаете што да прочитате следно, имаме три нови трилер предлози за вас:

Совршената мајка - Ејми Мелој

Вини е самохрана и резервирана во односот со другите мајки од групата која ја нарекуваат „Мајки мајки“, бидејќи сите се имаат породено во истиот месец, а главното збиралиште им е паркот со количките.

Една вечер решаваат за излезат малку без бебињата, а Вини неволно го остава своето бебе со дадилка, по инсистирањето на другите жени. Она што треба да биде опуштена вечер исполнета со забава за мајките се претвора во најлош кошмар – бебето на Вини исчезнува.

Полицијата прашува вознемирувачки прашања – кој е таткото на бебето? Каде била Вини вечерта кога бебето исчезнало? Животот на сите мајки е ставен под лупа, додека започнуваат да се откриваат тајните кои ги крие секоја од нив.

Novi-trileri-koi-ke-ve-drzat-budni (3).jpg

Мртва ладна – Луиз Пени

Квебек, односно селото Три Пајнс е местото каде што госпоѓата Сиси де Поатје го губи својот живот на грозен и необичен начин – со електричен удар на средината на смрзнатото езеро.

Главниот инспектор Арманд Гамаш, пандан на Поаро и Холмс, открива дека Сиси воопшто не била омилена жена, односно сите ја мразеле - ќерката, сопругот, па дури и љубовникот. Во следните 2 денови инспекторот ќе добие уште 2 смртни случаи за разрешување.

Дали постои некаква поврзаност меѓу нив? Кој е виновникот и причината за грозоморните убиства?

Novi-trileri-koi-ke-ve-drzat-budni (1).jpg

Оклопно срце – Ју Несбе

Три неверојатни пресврти и страници кои се вртат самите, исполнети со загадочна мистерија, адреналин и возбуда.

Хари Хуле, легендарниот детектив склон кон алкохол и скршено срце се крие во Хонгконг, каде што се обидува да ги залечи раните од претходните истраги и собирачите на долгови.

Одделението за крвни деликти ја испраѓа Каја во Хонгконг со цел да го пронајде единствениот норвешки експерт за сериски убијци, токму Хуле.

Две жени се пронајдени мртви во Осло и удавени во сопствената крв. Најзбунувачкото нешто е фактот што убодите се нанесени во вантрешниот дел од устата… Хуле неволно се вклучува во истрагата, која ќе го однесе до уште пострашна темнина.

Novi-trileri-koi-ke-ve-drzat-budni (2).jpg

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Андриана од Битола: „Имав библиотека од 1.000 книги, пола морав да ги раздадам - Кои 5 ми се омилени... „Имам прочитано над 1.000 книги, а уште толку имам на листата. Свесна сум дека н...
3 трилери за жени-детективки кои ќе ве држат во неизвесност до последната страница Сериски убиец кој не убива од омраза; детективка која бара мистериозен демнач, а...
Три задолжителни книги за сите љубители на научната фантастика Шамански моќи, специјални дарби кои се пренесуваат од колено на колено, тајни св...
Кристина од Скопје: „Дома имам скоро 700 книги, читам и по 10 месечно - Кои ми се омилени?“ „Уште кога сум била бебе, мајка ми обожавала да ми чита, а штом научив да читам,...
Напнати трилери од Тес Геритсен кои ќе ве држат „будни“ до последната страница Љубителите на криминалистичките приказни сигурно слушнале за Рицоли и Ајлс - дет...
Три лесни книги кои ќе ви го задржат вниманието и во најголемите жештини За некои летото е идеално време за читање, на други им е многу тешко да фатат кн...

Најчитани неделава