„Твојот втор живот започнува кога ќе сфатиш дека имаш само еден“ – пролетно размрдување со 3 нови наслови

Човек може да има многу пари, а сепак да биде длабоко несреќен или пак, напротив, да има малку, а да биде врвно среќен, како никој друг… Се согласувате? Ова е само мал исечок од книгата на Рафаела Жордано која треба да се најде на вашата месечна листа на прочитани книги.

Proletno-razmrduvanje-so-3-novi-naslovi-01.jpg

Трите наслови кои ги одбравме оваа недела за вас ќе ви дадат нова енергија и малку поинаква перцепција за вашиот живот.

Време е за промени и пролетно размрдување:

Твојот втор живот започнува кога ќе сфатиш дека имаш само еден - Рафаела Жордано

Како да излезете од зачмаеноста и да се вљубите повторно во животот? Што правите кога ќе се заглавите во секојдневната рутина и сфаќате дека животот не ви носи повеќе радост?

Камиј, хероината на овој роман ќе запознае необичен човек со невообичаена професија: рутинолог. Таа повторно ќе ја пронајде мудроста на вистинските избори, простувањето и заборавањето, но и повторното пронаоѓање на љубовта и чудото наречено живот и постоење.

Proletno-razmrduvanje-so-3-novi-naslovi (1).jpg

Сестра на месечината: приказната на Тиги – Лусинда Рајли

Историската новела на Лусинда Рајли и сагата за седумте сестри продолжува со приказната на Тиги.

Тиги Д’Аплизе по смртта на нејзиниот татко се преселува во шумските предели во Шкотска, грижејќи се за животниот на огромниот изолиран имот на проблематичниот лорд, Чарли Кинард.

Чили, Циганката којашто долги години живее на имотот ѝ претскажува на Тиги дека таа поседува шесто сетило пренесено од нејзините предци и дека наскоро ќе се врати дома во Гранада, Шпанија.

Во Алхамбра Тиги ги открива своите корени и ја следи патеката кон своето егзотично, но многу сложени минато…

Proletno-razmrduvanje-so-3-novi-naslovi (3).jpg

Светлината што ја изгубивме - Џил Сантополо

Луси и Гејб се запознаваат на факултет, на ден што се покажува судбински за двајцата.

Тие се решени дека ќе постигнат нешто значајно и дека ќе направат вистинска разлика во светот и животот на другите луѓе. Повторно се среќаваат една година подоцна и овојпат се чини дека имаат шанса за љубов… но Гејб станува фоторепортер кој добива задача на Блискиот Исток, а Луси гради кариера во Њујорк.

Следува нивното тринаесетгодишно патување исполнето со љубов, соништа, копнеж, но и љубомора и предавство. Кој е одговорен за нашите спојувања и одвојувања? Дали постои судбина или самите сме кројачи на сопствениот живот?

Proletno-razmrduvanje-so-3-novi-naslovi (2).jpg

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

3 романи за роматични души што ќе ве разнежнат пред Валентајн Во пресрет на Денот на вљубените, зошто да не прочитате еден, или можеби сите тр...
„Лејла“ од Колин Хувер и уште 2 одлични напнати книги за летните денови  Лето на плажа и добра книга... Тоа е комбинација која за многумина е вистинско о...
Три кралски приказни: Книги кои ќе ги прочитате за еден викенд Од робинка до кралица, тајна руска агентка во времето на Распутин, жена што се п...
3 предлог книги од Милан Кундера, што секој интелектуалец треба да ги прочита „Шега“ е првиот роман на Кундера инспириран од случувањата во неговиот приватен ...
3 биографски книги што вреди да ги прочитате оваа есен Дали сакате да читате биографски книги? Ако да, тогаш овие три понови изданија с...
3 одлични романи од македонски автори (за вистински љубители на книгите) Трогателни приказни со херои кои живеат на нашите простори. Приказни инспирирани...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg