Х.Џ. Велс ги предвидел технолошките новитети како електронската пошта, ласер и атомска бомба

Херберт Џорџ Велс, роден пред 153 години, во своите дела ги предвидел новитетите кои навистина се оствариле, од ласерите до електронската пошта. Но пионерот на научната фантастика, Велс, ги демонстрирал и визиите за иднината кои сè уште не се оствариле, како машина за патување низ времето, невидливиот човек или инвазија на Марсовци. 

H Dz Vels vo svoite dela gi predvidel tehnoloskite noviteti 01

Во романот „Man like Gods“, од 1923 година, Велс ги запознава читателите со футуристичката Утопија, која е, всушност, планетата Земја неколку илјади години во иднина. Во оваа алтернативна реалност луѓето комуницираат исклучиво преку безжични системи, како што се говорна пошта и електронска пошта.

Велс замислувал и форми на забава во иднината. Во романот „When the Sleeper wakes“ (1899 год.) главниот јунак живее во Лондон, каде што граѓаните користат чудни облици на технологија, како што се аудио книги, авиони и телевизија.

Посетителите на островот на Доктор Моро се соочени со бизарни суштества, меѓу кои и човекот-леопард, креиран од луд лекар како хибриден експеримент.

H Dz Vels vo svoite dela gi predvidel tehnoloskite noviteti 02

Марсовците во Војната на световите (1898) ослободуваат нешто што Велс го нарекува Heat-Ray, супероружје способно да ги истреби беспомошните луѓе со излив на светлина. Дури после шест децении Теодор Маиман го направил својот прв оперативен ласер во истражувачката лабораторија во Калифорнија во 1960 година.

Велс повеќе бил заинтересиран за тоа што би можело да биде ефектот на неговата идеја, отколку за техничките идеи. Многу автори на научна фантастика ја користат оваа техника во своите приказни за да ја обликуваат иднината.

Всушност, некои компании дизајнираат фикција за да видат како ќе функционираат новите идеи во иднината, доколку се остварат.

H Dz Vels vo svoite dela gi predvidel tehnoloskite noviteti 03

Велс ги открил потенцијалните придобивки на технологијата, но се плашел од нејзината темна страна. Х.Џ. Велс е писател кој најверојатно јасно ја видел можноста за почетокот на светската војна кон почетокот на 20-от век.

Во романот „The World set Free“, од 1913 година, Велс нè воведува во светот на атомските бомби што го уништиле светот толку многу што преживеаните морале да создадат обединета светска влада за да избегнат идни конфликти.

Велс имал и други големи идеи кои не се оствариле, иако сè уште постои можност да се оствари неговата визија. Досега Марсовци не нè нападнаа, човекот не може да стане невидлив, иако науката напредува во таа насока, временската машина, исто така, не постои.

H Dz Vels vo svoite dela gi predvidel tehnoloskite noviteti 04

Можеби најголемото разочарување е што Велсовата визија на идеалната политика и светска влада, која ја опишува во „Модерната Утопија“ (1905), не успеа. Тој бил посветен социјалист кој се надевал дека „Новата Република“ ќе обезбеди мир.

Велс починал во 1946 година, но живеел доволно долго за да сфати дека неговата замислена иднина веројатно никогаш нема да се реализира, токму затоа ги поттикнувал луѓето на меѓународна соработка за создавање на подобра иднина.

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

3 романи за роматични души што ќе ве разнежнат пред Валентајн Во пресрет на Денот на вљубените, зошто да не прочитате еден, или можеби сите тр...
3 предлог книги од Милан Кундера, што секој интелектуалец треба да ги прочита „Шега“ е првиот роман на Кундера инспириран од случувањата во неговиот приватен ...
3 книги идеални за почетокот на есента, кои ќе ве расположат Иако се неповрзани тематски една со друга, единствената заедничка работа на овие...
5 безвременски дистописки романи - наменети за вистински љубители на книги Визијата на Хаксли за иднината во „Прекрасен нов свет“ го опфаќа општество каде ...
3 трилери од македонски автори (заради кои ќе грицкате нокти до самиот крај) Ви претставуваме три возбудливи трилери од македонски автори за кои се зборува и...
5 книги без кои не треба да си заминете од Саем на книга 2023 Од белетристика до криминалистички и детективски романи. Од литература за деца д...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg