Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Избор на 3 нови книги кои емотивно ќе ве потресат

Време е за нови наслови кои ќе ви предизвикаат бура од емоции која тешко ќе може да ја контролирате. Иако жанровски различни (биографија според вистинита приказна, возбудлив крими-трилер и раскази од македонски автор), сепак во изборот којшто го направивме се наоѓа книга за сечиј вкус.

3-knigi-koi-emotivno-ke-ve-potresat-01.jpg

Доколку немате идеја што да прочитате следно, препорачуваме:

Последната девојка - Надија Мурад

Надија Мурад е родена во Кочо, мало језидско село на северниот дел од Ирак. Живеела опкружена со големо семејство и сонувала за тоа да стане наставничка по историја или да отвори свој салон за убавина. Во 2014 година, Исламската Држава го нападнала селото на Надија. Таа тогаш имала дваесет и една година и тука бил крајот на нејзиниот безгрижен живот.

Милитантите на Исламската Држава ги масакрирале селаните што одбиле да преминат во ислам. Мајката на Надија била една од осумдесетте постари жени што биле егзекутирани, а нејзините браќа меѓу стотината мажи што биле убиени во еден ден.

Заедно со илјадници девојки, Надија е однесена во Мосул за да стане сексуална робинка. Кога конечно успеала да избега, лутала по улиците на Мосул додека не пронашла спас во едно семејство сунитски муслимани, чиј најстар син си го ризикувал животот за да ѝ помогне.

3-knigi-koi-emotivno-ke-ve-potresat (3).jpg

Манипулаторот - Давид Унгер

По сите индикатори, Гиљермо Розенсвајг е олицетворение на успехот. Тој е член на гватемалската елита, има успешна адвокатска кариера, има жена и деца и низа прекрасни љубовници.

Меѓутоа еден ден патиштата му се вкрстуваат со либанската занесна убавица Маријам, во која очајно се заљубува…до таа мера што кога во моментот ја губи неа, тој не гледа друга опција освен да си ја инсценира сопствената смрт.

3-knigi-koi-emotivno-ke-ve-potresat (2).jpg

Кога заминав од Карл Либкнехт – Лидија Димковска

Кога заминав од Карл Либкнехт е најновата книга на една од најнаградуваните македонски писателки Лидија Димковска. Во неа, стожерот е токму името Карл Либкнехт.

Карл е улица, училиште, болница, сиропиталиште… и со него се поврзани стотици различни луѓе кои на еден или друг начин морале да заминат од локацијата именувана по активистот.

Напати смешна, напати тажна, ќе се поистоветите со ликовите или ќе ги препознаете во лицето што постојано го гледате покрај вас. Вистинско мало ремек-дело за љубителите на кусиот расказ.

3-knigi-koi-emotivno-ke-ve-potresat (1).jpg

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Мачето Мице“ - нова книга за деца во издание на ИЛИ-ИЛИ "Мачето Мице" е книга која ги следи домашните авантури на љубопитното маче Мице....
3 книги што ќе ви донесат духовно богатство (и мирен ум) Читате ли книги за самопомош и просветлување? Сакате ли да ги следите светските ...
Македонски автори и светски класици - Книги по препорака од нашите инфлуенсери Кои им се омилени книги на нашите инфлуенсери? Едни избираат дела од домашни авт...
3 книги што не би ѝ дозволила на ќерка ми да ги чита (додека е тинејџерка) Кои 3 книги воопшто немаат наивна содржина и не би сакал да ги видам во мојот до...
3 одлични книги за самопомош, што ќе ви ги откријат тајните за поголем душевен мир Како да научите да се ослободите и да побегнете од перфекционистичките очекувања...
3 одлични романи за да го завршите месецот на книгата Приказни за жените кои биле повредени од најблиските, но и за оние кои што живее...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg