Книги кои ќе ве остават без сон

Навистина ми причинува задоволство кога ќе налетам на некоја книга, која ме освојува уште од првите страници.

knigi koi kje ve ostavat bez spienje 4

Таквите приказни ме привлекуваат како магнет, освен што ме отцепуваат од надворешниот свет, ми даваат цела палета на нови светови и различни емоции кои ги доживувам во себе.

Последните неколку недели имав таква среќа да прочитам неколку книги кои ме оставија без спиење.

Во продолжение следува листа на три книжевни препораки, кои добро ќе ви дојдат на ова топло време, ако сè уште се двоумите што да читате:

„Ништо“ од Јане Телер

Навидум приказна за млади, романот „Ништо“ е многу повеќе од тоа. Сè започнува од моментот кога Пјер Антоан, изјавува дека „не постои ништо што значи нешто“, оти самиот живот е бесмислен сам по себе.

Да го докаже ова и пред останатите, се качува на дрво и со сливи ги гаѓа своите поранешни другари. Децата, исплашени од неговото однесување се препуштаат во потрага по смислата на животот, откажувајќи се од најзначајните работи.

Внесени во една сурова и немилосрдна игра оваа книга ја прави посебна и нè тера да ги поставиме многу прашања за нашето постоење.

knigi koi kje ve ostavat bez spienje 1

„Зимски распуст“ од Хилдур Кнусдотир

Оваа брутално реалистична хорор-приказна ќе ви овозможи филмско уживање додека ја читате.

Мора да признаам дека романот „Зимски распуст“ е страшно возбудлив и одлично напишан, а оние кои обожаваат постапокалиптична тематика ќе ја голтнат приказната за неколку часа.

Ако ја сакате серијата The Walking Dead, и ова приказна ќе ви прилегне на срце. Наместо зомби, тука ќе се сретнете со вонземска канибалистичка цивилизација и луѓе кои пробуваат да преживеат во тој крвав неред.

knigi koi kje ve ostavat bez spienje 2

„Серотонин“ од Мишел Уелбек

И листата не може да помине без некој современ мајстор на модерната книжевност. Приказната на „Серотонин“ нè води низ една Франција што ги гази своите традиции, ги банализира градовите, ги уништува своите села…

Ова е роман за суровоста на модерниот свет во кој речиси и да нема добрина, ниту пак солидарност. Каде што мутациите веќе не може никој да ги контролира.

Ова е роман за каење и жалење, а секоја човечка единка има простор да се пронајде во страниците за кои раскажува Уелбек.

knigi koi kje ve ostavat bez spienje 3

Е. Х. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Андриана од Битола: „Имав библиотека од 1.000 книги, пола морав да ги раздадам - Кои 5 ми се омилени... „Имам прочитано над 1.000 книги, а уште толку имам на листата. Свесна сум дека н...
Ружица од Скопје: „Имам библиотека од 400 книги, читам во автобус на пат кон работа - Кои ми се омил... „Голем удел во мојата љубов кон книгите има библиотекарката од моето основно учи...
Книги од македонски автори кои мора да ги прочитате до крајот на 2025 Потрага по сериски убиец во Италија; млад брачен пар кој се соочува со морничави...
Три книги полни со топлина, во кои ќе уживаат и децата и возрасните Ако решите на своите најмили да им ги читате на глас овие книги, тие ќе ве поврз...
Кристина од Скопје: „Дома имам скоро 700 книги, читам и по 10 месечно - Кои ми се омилени?“ „Уште кога сум била бебе, мајка ми обожавала да ми чита, а штом научив да читам,...
Три книги од различни жанрови, кои ќе ве држат „будни“ до последната страница Историска драма за жени затворени во болница за душевни болести во Париз во 19 в...

Најчитани неделава