3 нови наслови кои ќе ви станат омилени, летни хитови

Читањето ни дава можност да отпатуваме на некое друго место кога сме принудени да останеме онаму каде што сме. Овие 3 нови книги имаат потенцијал да станат вашите омилени, летни, книжевни хитови.

3-novi-naslovi-koi-ke-vi-stanat-omileni-letni-hitovi-01.jpg

Тие ќе ве однесат до најнеочекуваните приказни и локации.

Што ново треба да прочитате ова лето?

Тие мили мали слатки дечиња - Антонио Карабелов

Низ приказните на 13 познати историски личности, меѓу кои се вбројуваат Хитлер, Сталин, Тито, Мао Це Тунг и уште неколкумина други, го откриваме детството на овие неповторливи, уникатни ликови.

Сите горе-долу ги знаеме нивните приказни и злодела кои ги направиле како возрасни – но какви биле истите кога биле само деца? Мали, слатки дечиња… паралелата дете-возрасен е главата водечка мисла во оваа неверојатна книга која се чита во еден здив. И не се позајмува никому.

3-novi-naslovi-koi-ke-vi-stanat-omileni-letni-hitovi (2).jpg

Изгубените девојки во Париз - Пам Џеноф

Менхетен Грејс Хејли се обидува повторно да го состави својот живот откако го губи сопругот за време на Втората светска војна. Едно утро, додека поминува низ железничката станица Гранд Сентрал одејќи кон работното место, таа наоѓа куфер пикнат под една од клупите на терминалот.

Грејс го отвора куферот и внатре наоѓа десетина фотографии – секоја од нив од различна млада жена. Наскоро таа открива дека куферот му припаѓа на лидерката на група женски тајни агенти кои биле испратени надвор од Лондон за време на војната.

3-novi-naslovi-koi-ke-vi-stanat-omileni-letni-hitovi (3).jpg

Неговите бели ракавици - Јелена Бачиќ Алимпиќ

Сараево, 1922 година. Скриена во безбедноста на семејниот дом, Љубица Игњатовиќ, убава и паметна еврејска ќерка, сосема случајно се сретнува со Карел Драгутин - Харт, владин службеник кој ќе го помати нејзиниот ум.

Заслепена од страст и љубов, нема да има сила за да се соочи со вистината. Меѓутоа, откако ќе го открие вистинското лице на човекот кој толку многу го сака, одлучува да ја преземе судбината во своите раце…

3-novi-naslovi-koi-ke-vi-stanat-omileni-letni-hitovi (1).jpg

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Ружица од Скопје: „Имам библиотека од 400 книги, читам во автобус на пат кон работа - Кои ми се омил... „Голем удел во мојата љубов кон книгите има библиотекарката од моето основно учи...
3 романи што ќе ве привлечат уште по првите прочитани страници Млада пациентка во кома раѓа здраво машко дете. Таа е феномен или е силувана дод...
Андриана од Битола: „Имав библиотека од 1.000 книги, пола морав да ги раздадам - Кои 5 ми се омилени... „Имам прочитано над 1.000 книги, а уште толку имам на листата. Свесна сум дека н...
3 одлични книги по кои се снимени хит-серии и мора да ги прочитате Прочитајте ги овие одлични дела и дознајте колку филмската адаптација се разлику...
3 книги за силни жени во арапскиот свет - интригантни приказни што мора да ги прочитате Две жени во Иран се борат за женските права; Американка која се мажи за Иранец и...
Љубица од Гевгелија има библиотека со над 500 книги - Кои три ѝ се омилени? „Првите книжевни солзи ги пролеав читајќи ја 'Колибата на чичо Том'. Моето детск...

Најчитани неделава