5 книги што му помогнале на принцот Хари да стане подобар татко

Принцот Хари во последно време е во центарот на вниманието поради многуте промени во неговиот приватен живот. После венчавката со Меган Маркл и раѓањето на нивниот син Арчи, ергенскиот живот на Хари, за кој наголемо се зборуваше, веќе заврши.

5-knigi-shto-mu-pomognale-na-princot-hari-da-stane-podobar-tatko-01.jpg

Денес Хари се обидува да го сфати татковството, да се грижи за неговото семејство и им се посветува на разни цели.

Во таблоидите често се зборува за нештата што му се допаѓаат и што не му се допаѓаат на принцот Хари, а овде спаѓаат и книгите.

Според разни извештаи и мислењето на разни експерти, книгите во продолжение најверојатно можете да ги најдете на неговата полица.

1. Commando Dad – Нил Синклер

Знаевте ли дека принцот Хари зад себе има три воени служби – една во Белизе, една во Норвешка и 6-месечен престој во Иран. Тој се пензионира во 2015-та година, но постојат гласини дека сè уште следи некои од принципите што ги научил за време на неговиот тренинг.

Поради ова, некои луѓе сметаат дека Commando Dad, книга напишана од поранешен командант и татко на три деца, е дел од колекцијата на Хари.

Во книгата детално е опишано како да ги преживеете првите 24 часа од татковството, заедно со логични и помошни совети, кои веројатно веќе му се нашле на новиот татко.

Покрај тоа, се верува дека принцот Вилијам ја прочитал оваа книга по раѓањето на неговиот син Џорџ, откако му ја препорачал пријател.

5-knigi-shto-mu-pomognale-na-princot-hari-da-stane-podobar-tatko-02.jpg

2. My Life in Pieces – Вил Кеванс

Во едно интервју, принцот Хари открил колку многу ги сака стриповите. Кога станувало збор за овој серијал, тој изјавил дека би го прочитал.

Со неговата воена позадина, Хари би се пронашол во ова дело, бидејќи артистите ги претставуваат нивните визии за падот на Багдад и други историски моменти.

Некои од илустраторите и самите служеле воен рок - нешто што го прави делото уште поемотивно.

5-knigi-shto-mu-pomognale-na-princot-hari-da-stane-podobar-tatko-03.jpg

3. Archie 1000 Page Party – Арчи Суперстар

Многу експерти веруваат дека стриповите Арчи се всушност инспирација за името на новородениот син на Хари. Овој легендарен серијал го обожаваат многумина, а ако Хари сака стрипови, најверојатно би го одбрал овој.

Еден пријател на Меган споделил дека и таа била фан на стриповите Арчи. Наводно, таа минувала по цели викенди во винтиџ продавници барајќи ги стриповите за коишто дознала од нејзиниот татко.

5-knigi-shto-mu-pomognale-na-princot-hari-da-stane-podobar-tatko-04.jpg

4. The Giving Tree – Шел Силверстејн

За време на едно интервју, Меган Маркл била замолена да сподели кои се книгите што би сакала да му ги покаже на нејзиниот син.

Нејзиниот прв избор бил класика од реномираниот автор Силверстејн. Иако ова интервју е постаро, уште пред да го запознае Хари, голема е веројатноста дека парот има копија од оваа книга во нивната колекција.

5-knigi-shto-mu-pomognale-na-princot-hari-da-stane-podobar-tatko-05.jpg

5. The Gruffalo – Џулија Доналдсон

Ова е уште една детска книга, а доколку сте родители, јасно ви е зошто е вака – штом ќе станете родител, вашиот живот станува како оној на вашето дете.

Принцот Вилијам споделил дека оваа книга била вистински хит кај неговите деца, а постојат гласини дека му подарил копија и на неговиот брат.

Ова е навистина креативна приказна за глушец, гладна лисица, був и секакви видови суштества.

5-knigi-shto-mu-pomognale-na-princot-hari-da-stane-podobar-tatko-06.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

3 романи за роматични души што ќе ве разнежнат пред Валентајн Во пресрет на Денот на вљубените, зошто да не прочитате еден, или можеби сите тр...
„Лејла“ од Колин Хувер и уште 2 одлични напнати книги за летните денови  Лето на плажа и добра книга... Тоа е комбинација која за многумина е вистинско о...
2 книги од психологот Габор Мате што ќе ве натераат да се преиспитате себеси „Кога самите не сме способни да му кажеме ‘не’ на стресот, телото зборува место ...
Три кралски приказни: Книги кои ќе ги прочитате за еден викенд Од робинка до кралица, тајна руска агентка во времето на Распутин, жена што се п...
3 предлог книги од Милан Кундера, што секој интелектуалец треба да ги прочита „Шега“ е првиот роман на Кундера инспириран од случувањата во неговиот приватен ...
3 романи од Вај Киленд со тензичен заплет (што ќе ве држат во неизвесност до последната страница) Кејн, Рид, Броди... Тројца мажи кои треба да научат дека и најстудениот мраз око...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg