3 книги кои ќе ве инспирираат и натераат да патувате

Понекогаш нечија приказна знае да нè инспирира, да нè натера да станеме од удобните каучи и да се препуштиме на нови доживувања. 

knigi koi ke te nateraat da patuvash 4

Многу често, книгите ја имаат таа моќ да нè поместат од една до друга точка, истовремено давајќи ни до знаење дека промените што ќе се случат, засекогаш ќе останат дел од нас.

Во продолжение следува листа на книжевни четива, чии приказни не само што ќе ви овозможат да се нурнете во туѓи искуства, туку во вас ќе вродат посебна потреба да се дејствува тука и сега.

Во дивината – Џон Кракауер

Можеби голем дел од вас веќе ја имаат читано, но приказната за Кристофер Мекендлс заслужува да биде на врвот од оваа листа.

По дипломирање на колеџ, 22-годишното момче решава да го напушти животот исполнет со удобност и привилегија и оди во дивина, во потрага по авантура, но пред сè трага по себеси.

Оваа херојска авантура на Мекендлс претставува симбол на издржливост и на виделина ги поставува границите помеѓу човекот и природата.

knigi koi ke te nateraat da patuvash 1

На пат – Џек Керуак

За многумина оваа книга претставува ода за радост на самото постоење. Или како што историјата пишува дека „На пат“ е ремек-делото на Керуак и еден од најсилните романи на 20 век.

Ова е автобиографски роман, кој раскажува за животот на бит-генерацијата и младешкото одушевување на животот.

knigi koi ke te nateraat da patuvash 3

Патувањето на еден слон – Жозе Сарамаго

Оваа волшебна приказна проткаена со мудрост е за сите оние кои трагаат по одговори поврзани со пријателство и за минливоста на славата.

Приказната започнува од моментот кога во 1551 година португалскиот крал Жоао III решава на австрискиот надвојвода Максимилијан да му прати невообичаен свадбен подарок, а тоа е слонот Соломон.

Од тука почнуваат доживувањата на оваа сказна богата со прониклива иронија и емпатија и духовни размислувања за човековата природа.

knigi koi ke te nateraat da patuvash 2

Автор: Е. Х. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Андриана од Битола: „Имав библиотека од 1.000 книги, пола морав да ги раздадам - Кои 5 ми се омилени... „Имам прочитано над 1.000 книги, а уште толку имам на листата. Свесна сум дека н...
Ружица од Скопје: „Имам библиотека од 400 книги, читам во автобус на пат кон работа - Кои ми се омил... „Голем удел во мојата љубов кон книгите има библиотекарката од моето основно учи...
Кристина од Скопје: „Дома имам скоро 700 книги, читам и по 10 месечно - Кои ми се омилени?“ „Уште кога сум била бебе, мајка ми обожавала да ми чита, а штом научив да читам,...
Теодора од Скопје: „Имам библиотека од 600 книги - Кои 5 ми се омилени?“ „Татко ми читаше стрипови, а мајка ми книги. Сѐ уште го памтам првиот пат кога в...
Три книги од „кралицата на романтичните комедии“, Софи Кинсела, што мора да ги прочитате Сите романтични души во животот мора да прочитаат барем една романтична книга од...
Билјана, директорка на библиотека во Делчево: „Најмногу плачев на 'Белото циганче' - Кои 3 книги ми ... „Скоро и да не правам пауза со читањето, читам во континуитет. Во последно време...

Најчитани неделава