Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Зошто книгите на Халед Хосеини ќе ви го променат животот?

Роден во 1965 година во Кабул, главниот град на Авганистан, Хосеини е автор на 4 неверојатни книги, од кои 3 се достапни на македонски јазик.

Zosto-knigite-na-Haled-Hoseini-ke-vi-go-smenat-zivotot-01.jpg

Хосеини е доктор по вокација. Тој со години работел како доктор во Калифорнија по дипломирањето. За оваа работа ќе каже дека ја чувствувал тешко и мачно, нешто слично на договорен брак.

Првата книга ја издава во 2003 година, „Ловец на змејови“. 4 години подоцна време е за уште еден бестселер – „Илјада неверојатни сонца“. Во 2013 година од печат излегува и третата книга на Хосеини со наслов „И планините одекнаа“.

За неговите книги ќе кажат дека нема да испеете да ги прочитате беа притоа добро да се исплачете. Тие се моќни, тажни и истовремено чудесни.

Ќе ве импресионираат приказните и ликовите, стилот на пишување. Хосеини вешто ги ткае зборовите кои ќе ви го украдат сонот и срцето…

Последната книга „Молитва на морето“ (Sea Prayer) е издадена минатата година и се надеваме дека наскоро ќе ја видиме и на македонски јазик.

Вие одберете го редоследот по којшто ќе ги прочитате претходните три книги кои дефинитивно ќе ви го променат погледот кон животот:

Ловец на змејови

Амир е син на богат трговец. Хасан е детето на нивниот слуга. Сепак, ова не ги спречува децата да бидат најдобри другари. Тие сонуваат со отворени очи, летаат змејови и се обидуваат да предвидат што носи иднината.

Но, еден трагичен настан засекогаш ќе ги смени нивните животи. И другарството ќе се распадне како кула од карти. Горчливите спомени продолжуваат да се нижат по емигрирањето на Амир и неговиот татко од Авганистан во САД.

Таму Амир се надева дека ќе ја смири немирната совест и дека ќе успее барем еден ден да заборави на тој момент на кукавичлук кога не успеа да го спаси најдобриот другар од злото…

Zosto-knigite-na-Haled-Hoseini-ke-vi-go-smenat-zivotot (1).jpg

Илјада неверојатни сонца

Приказна за две жени, толку различни, вовлечени во виорот на војната и бруталноста.

Миријам е незаконска ќерка на богат трговец. Откако нејзината мајка ќе се самоубие, таа стапува во договорен брак со Рашид, чевлар кој живее со убедувањето дека мажот е над сè, особено над жената која не е вредна за ништо.

Прераната смрт на новороденчето ја дотолчува Миријам… а пристигнувањето на новата, втора жена на Рашид е уште една, нова, отворена рана.

Лејла ја проколнува војната. Таа ѝ зеде сè–татко ѝ, љубовта, можноста за образование. Двете жени се лути сопернички, не сфаќајќи дека ја делат истата мака и дека на крајот од денот сè што имаат е себеси и една со друга.

Zosto-knigite-na-Haled-Hoseini-ke-vi-go-smenat-zivotot (3).jpg

И планините одекнаа

Воениот конфликт го прави Авганистан уште полошо место за живот од претходно. Во центарот на збиднувањата се малата Пари и нејзиниот постар брат Абдула.

Братско-сестринска љубов каква што постои само во приказните. Тие се разделени во детството и целиот свој живот трагаат еден под друг. Текот на приказната вклучува и многу други споредни ликови кои на чудесен начин се вклопуваат во трагедијата на братот и сестрата.

Како мозаик исткаен од љубов и солзи, оваа книга е уште еден доказ колку силно може да љуби човековото срце и какви жртви може да поднесе во името на саканите.

Zosto-knigite-na-Haled-Hoseini-ke-vi-go-smenat-zivotot (2).jpg

Прочитајте и: 20 цитати на Халед Хосеини, совршен познавач на човековата душа20 цитати на Халед Хосеини, совршен познавач на човековата душа

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Три книги од Зоран Спасов Ѕоф со кои ќе се смеете до солзи (а и ќе заплачете) Авторот Зоран Спасов Ѕоф пишува на скопски „јазик“, онака како што и самиот збор...
Книги со кои треба да ја отворите 2025-та - новата читачка сезона Две сестри се грижат за себе бидејќи живеат со татко алкохоличар; две жени чиј ж...
3 книги од Сара Џио поради кои ќе посакате (повторно) да се вљубите Љубовна приказна од минатото која се преплетува со сегашноста, тајни писма, дамн...
3 книги што не би ѝ дозволила на ќерка ми да ги чита (додека е тинејџерка) Кои 3 книги воопшто немаат наивна содржина и не би сакал да ги видам во мојот до...
„Мачето Мице“ - нова книга за деца во издание на ИЛИ-ИЛИ "Мачето Мице" е книга која ги следи домашните авантури на љубопитното маче Мице....
Македонски автори и светски класици - Книги по препорака од нашите инфлуенсери Кои им се омилени книги на нашите инфлуенсери? Едни избираат дела од домашни авт...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg