There are not feed items to display.
  • Check if RSS URL is online
  • Check if RSS contains items


6 книги кои ја дефинираа деценијата и имаа најголемо влијание врз читателите достапни на македонски јазик

Во изминатите 10 години издаваштвото цветаше на светско ниво. И покрај модерните технологии и новите трендови, се чини дека книгите засекогаш ќе останат во мода, без разлика дали се во печатена или електронска форма.

6-knigi-koi-ja-definiraa-decenijata-01.jpg

И Македонија може да се пофали со огромен број на нови домашни и преведени изданија. Дел од нив кои ја дефинираа деценијата се достапни на македонски јазик, па доколку ги пропуштивте книгите што ја воодушевија публиката, време е да ја исправите грешката:

Педесет нијанси сиво - Е.Л. Џејмс

Можете да ја сакате или мразите еротската трилогија која го заведе целиот свет, но не можете да останете рамнодушни на неа. Приказната ни е добро позната на сите – младата Анастасија Стил и богатиот милионер Кристијан Греј кој крие мрачна тајна.

Нивната љубов, страст, сексуалното потчинување и еротските игри ги разбудија фантазиите на жените, но и мажите ширум светот, а книгата беше пренесена и на филмското платно.

6-knigi-koi-ja-definiraa-decenijata (3).jpg

Девојката која трчаше со волците - Шерил Стрејд

Шерил Стрејд е 22-годишна девојка за која животот и нема некоја смисла. Пред целосно да се изгуби себеси, но и него, во нејзините раце доаѓа една интересна книга која ја поттикнува да започне незаборавна авантура на еден од најтешките, непроодни патеки во државата.

Без искуство и претходна подготовка, водена само од силна волја и со тежок ранец на грбот, од пустината во Калифорнија, низ ледените височини на Сиера Невада и Орегон шуми, по целиот пат до Вашингтон, Шерил ќе помине 2.000 километри - и тоа потполно сама.

6-knigi-koi-ja-definiraa-decenijata (5).jpg

Ејми ја нема – Џилијан Флин

Ник и Ејми се подготвуваат да ја прослават својата 5-годишнина од брак, но прекрасната и паметна сопруга на Ник одеднаш ја снемува од нивната куќа, а она што е оставено зад неа укажува на насилство…

Ник е сомнителен и дефинитивно огорчен, но дали навистина е убиец? И добро, ако тој навистина е невин како што тврди, тогаш каде е неговата прекрасна жена? И што има скриено во сребрената украсна кутија во плакарот во нивната спална соба?

6-knigi-koi-ja-definiraa-decenijata (1).jpg

Мојата генијална другарка – Елена Феранте

Моќна и длабока приказна за доживотното женско пријателство и ривалство. Приказната ja раскажува 60-годишната Елена која соочена со мистериозното исчезнување на својата другарка Лила, решава да го овековечи секој детаљ од нивното заедничко минато.

Растејќи во сиромашното неаполскo маало во 50-тите, на суровите улици и во школските клупи, двете девојчиња учат да се потпираат една на друга пред сите детски стравови и предизвици. Иако патиштата непрестајно им се вкрстуваат, овие две дијаметрално спротивни жени сепак остануваат најверни другарки чии судбини се огледуваат една во друга и се прекршуваат. Според трилогијата е снимена и ТВ серија.

6-knigi-koi-ja-definiraa-decenijata (6).jpg

Оди, постави стражар - Харпер Ли

Брилијантно напишана книга за една млада жена која дознава дека нејзиниот татко не е совршен, не е бог. „Оди постави стражар“ е книга за паднатите идоли и за одземањето на илузиите. Книга за промената и за тоа колку им е на луѓето тешко да се разделат од своите идентитети и да продолжат понатаму, кон иднината.

А чуварот на секој човек е токму неговата совест. Романот е издаден речиси половина век подоцна откако бил напишан, бидејќи Харпер Ли целиот свој живот ја избегнувала славата и публицитетот после успехот на култниот роман „Да се убие птицата подбивница“.

6-knigi-koi-ja-definiraa-decenijata (4).jpg

Becoming: Мојата приказна - Мишел Обама

Веднаш по издавањето на мемоарот на некогашната прва дама на САД, Мишел Обама, книгата стана бестселер. „Татко ми Фрејзер ме научи напорно да работам, често да се смеам и да си стојам на зборот. Мајка ми Мириан ми покажа како да размислувам со своја глава и како да го користам ставот што го имам.

Тие двајцата заедно, во нашиот збиен стан во чикашкиот Саут Сајд, ми помогнаа да ја согледам вредноста што ја има во нашата приказна, во мојата приказна, во пошироката приказна на нашата земја. Дури и кога таа приказна не е ниту убава ниту совршена. Дури и кога таа приказна е пореална отколку што сакате да биде. Вашата приказна е нешто што го имате, нешто што ќе го имате засекогаш. Таа е нешто што го поседувате“.

6-knigi-koi-ja-definiraa-decenijata (2).jpg

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Две книги од Сандра Браун што ќе ве остават без здив Ако сакате да прочитате интересни книги, полни со љубов и трилер заплети, избере...
3 романи за роматични души што ќе ве разнежнат пред Валентајн Во пресрет на Денот на вљубените, зошто да не прочитате еден, или можеби сите тр...
Три кралски приказни: Книги кои ќе ги прочитате за еден викенд Од робинка до кралица, тајна руска агентка во времето на Распутин, жена што се п...
„Лејла“ од Колин Хувер и уште 2 одлични напнати книги за летните денови  Лето на плажа и добра книга... Тоа е комбинација која за многумина е вистинско о...
3 возбудливи романи, идеални за на плажа ова лето Ви предлагаме 3 одлични книги што целосно ќе ве вовлечат во сопствениот свет и ќ...
2 книги од психологот Габор Мате што ќе ве натераат да се преиспитате себеси „Кога самите не сме способни да му кажеме ‘не’ на стресот, телото зборува место ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg