Романи кои имаат моќ да ја зголемат вашата интелигенција

Научниците веруваат дека овие романи можат значително да ја зајакнат емоционалната и социјалната интелигенција! 

7 romani sto ke ja zgolemat vasata inteligencija 01

„Scientific American“ состави список на 7 романи што можат да ја подобрат вашата интелигенција:

Страдањата на младиот Вертер (Јохан Волфганг Гете)

Овој роман го означи почетокот на романтизмот, движење кое предизвика силни емоции на начинот на кој денес ја доживуваме уметноста. Отпрвин, младиот Вертер се вљубува во свршеницата на неговиот најдобар пријател, но подоцна ја сфаќа безнадежноста на ситуацијата.

Кога овој роман бил објавен за првпат, идентификацијата со Вертер била толку моќна што луѓето почнале да се облекуваат и однесуваат како него.

Гордост и предрасудa (Џејн Остин)

Ова е можеби најдобрата љубовна приказна досега. Наместо да се вљубувате во странец што сте го виделе во собата, тука се развива една сосема поинаква љубов полна со гордост и предрасуди.

Црвената буква (Натаниел Хаторн)

Пуританците од седумнаесеттиот век ја осудуваат младата девојка и ја принудуваат да носи црвена буква на челото, како знак на прељуба.

Госпоѓа Бовари (Гистав Флобер)

Флобер бил првиот што формирал експлицитна теорија за тоа како се пишува фикција во проза. Во овој роман тој им овозможува на читателите да го видат светот преку очите на Ема, како и од надворешната перспектива.

7 romani sto ke ja zgolemat vasata inteligencija 02

Мидлмарч (Џорџ Елиот)

Ова е приказна за тоа како квалитетот на нашите емоции е одговорен за квалитетот на нашите односи. Ова е прв роман во Англија со целосно артикулирани портрети на ликови во и надвор од нивното искуство.

Ана Каренина (Лав Толстој)

Ана Каренина целосно нè ангажира воведувајќи нè во сите емоции и постапки на главниот лик и ни овозможува да разбереме дека, иако љубовта може да изгледа посилна од што било, можеби нема да биде доволна.

Г-ѓа Деловеј (Вирџинија Вулф)

Краткиот роман, поставен во Лондон за време на Првата светска војна, е прекрасно влегување во протокот на света. Во умот на Кларис Деловеј, ние го перципираме нејзиното чувство за дружење, грижа за нејзината ќерка, сеќавања од нејзината младост и размислување за човекот со кој не сака да се омажи.

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Три задолжителни книги за сите љубители на научната фантастика Шамански моќи, специјални дарби кои се пренесуваат од колено на колено, тајни св...
Шест љубовни романи, идеални за сите непоправливи романтичари Во некои ликови ќе се заљубите веднаш, други ќе ви бидат помалку симпатични, но ...
Андриана од Битола: „Имав библиотека од 1.000 книги, пола морав да ги раздадам - Кои 5 ми се омилени... „Имам прочитано над 1.000 книги, а уште толку имам на листата. Свесна сум дека н...
Три еротски романи кои ќе ви ја зовријат крвта (мора да ги прочитате) За љубителите на љубовните приказни, дополнети со малку еротика, овој пат имаме ...
Три книги совршени за читање во дождливите есенски денови Деца се главни ликови во книгите кои би можеле да ги прочитате месецов. А темите...
Теодора од Скопје: „Имам библиотека од 600 книги - Кои 5 ми се омилени?“ „Татко ми читаше стрипови, а мајка ми книги. Сѐ уште го памтам првиот пат кога в...

Најчитани неделава