3 одлични книги чиј наслов започнува со „Девојката…“

Модерната технологија можеби има многу предности, но со сигурност нè затапува и нè прави сè помалку креативни.

3-odlicni-knigi-son-naslov-devojkata-01.jpg

Со книгите е поинаку. Тие ни даваат можност да избегаме од секојдневието, грижите и обврските и привремено да заборавите на сè што се случува околу нас. Навлегувајќи во нов свет, го одмораме мозокот, а телото е опуштено, во релаксирачка состојба.

Овојпат за вас имаме 3 одлични предлози, а интересно е што сите почнуваат со зборот: Девојката…

Девојката од писмото – Емили Гунис

1956 година: Кога Ајви Џенкинс останува бремена, нејзиното посрамотено семејство ја испраќа во католичкиот манастир Света Маргарита – мрачна, страшна куќа за немажени мајки.

Потоа го даваат нејзиното бебе на посвојување против нејзина волја. Иако Ајви треба да излезе оттаму за две до три години, таа никогаш нема да го напушти местото.

Сегашност: Саманта Харпер е новинарка очајна за малку одмор. Кога случајно налетува на писмо од минатото, истото ја шокира и трогнува. Писмото е од млада мајка која моли да ја спасат од Света Маргарита. Пред да биде предоцна.

3-odlicni-knigi-son-naslov-devojkata (1).jpg

Девојката со портокали – Јустејн Гордер

Георг Ред никогаш не го запознал својот татко, дури и многу малку се сеќава на него затоа што тој починал кога Георг имал само четири години.

Сега, момчето има 15 години и неговиот живот целосно се менува кога дознава дека црвената детска количка во која го шетал неговиот татко кога бил бебе, не е само количка туку и поштенско сандаче.

Во неа Георг наоѓа писмо од неговиот татко кое го пишувал за него додека бил болен и сега, после толку години писмото конечно завршува во неговите раце.

А во него, мудриот татко на Георг пишува за сè, почнувајќи од прекрасните моменти кои ги поминале заедно додека бил жив, па сè до телескопот Хабл, и секако, девојката со портокали.

3-odlicni-knigi-son-naslov-devojkata (2).jpg

Девојката без минато - Катрин Крофт

Леа Милс живее живот на бегалец - криејќи се од сенките на своето минато. Без пријатели и без момче, таа копнее по друштво и го запознава Џулијан. За првпат, по долго време почнува да верува дека е возможно да има нормален живот.

Но, тогаш од дваесетгодишнината од денот што го промени текот на нејзиниот живот, добива писмо. Некој ја знае вистината за тоа што се случи тој ден.

Некој што нема да запре сè додека не го уништи и тоа што остана од животот на Леа. Но, дали Леа е жртвата во оваа приказна?

3-odlicni-knigi-son-naslov-devojkata (3).jpg

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Три книги од „кралицата на романтичните комедии“, Софи Кинсела, што мора да ги прочитате Сите романтични души во животот мора да прочитаат барем една романтична книга од...
Андриана од Битола: „Имав библиотека од 1.000 книги, пола морав да ги раздадам - Кои 5 ми се омилени... „Имам прочитано над 1.000 книги, а уште толку имам на листата. Свесна сум дека н...
Љубица од Гевгелија има библиотека со над 500 книги - Кои три ѝ се омилени? „Првите книжевни солзи ги пролеав читајќи ја 'Колибата на чичо Том'. Моето детск...
Три задолжителни книги за сите љубители на научната фантастика Шамански моќи, специјални дарби кои се пренесуваат од колено на колено, тајни св...
На 56 години, Мирјана Сионова од Охрид го стори тоа што многумина само сонуваат – ја издаде својата ... „’Европа нè чека нас‘ е повеќе од книга. Таа е потсетник дека никогаш не е доцна...
3 романи што ќе ве привлечат уште по првите прочитани страници Млада пациентка во кома раѓа здраво машко дете. Таа е феномен или е силувана дод...

Најчитани неделава