Книги со силни женски ликови кои ќе ве освојат од првата страница

„Дали еден човек чита или пак не, тоа веднаш се забележува. Не постои поголема разлика помеѓу луѓето од оваа“.

Knigi-so-silni-zenski-likovi-01.jpg

Вам ви останува да бидете смирени, а најдобриот начин да се постигне тоа е со добра книга и омилениот пијалак во рацете. Без разлика дали тоа е кафе, чај или вино, почестете се, вие го заслужувате тоа.

Ви препорачуваме три нови, одлични книги со силни женски ликови:

Изгубената ќерка - Џил Пол

1918 година: државата се врти против семејството Романови. Нивната иднина виси на конец. Тогаш средната ќерка, Марија, го привлекува вниманието на двајца од стражарите и тоа води до еден многу тежок избор помеѓу правилното и погрешното.

55 години подоцна: „Не сакав да ја убијам“. Со овие мистериозни зборови умира таткото на Вал, оставајќи ја да ја открие мистеријата која поврзува две семејства кои се имаат соочено со неопислива трагедија и можеби конечно да најде одговор на прашањето кое многумина си го поставуваат многу одамна.

Knigi-so-silni-zenski-likovi (3).jpg

Другиот Ајнштајн - Мари Бенедикт

Милева Мариќ секогаш била различна од другите девојки. Во своите дваесетти години, повеќето веќе биле сопруги и мајки. Не учеле физика на елитен Универзитет во Цирих, ниту пак се натпреварувале со други мажи во решавање равенки.

Но, Мица била доволно паметна да знае дека за неа математиката е поедноставна од бракот. И тогаш, еден колега од нејзиниот факултет – Алберт Ајнштајн – ќе покаже љубовен интерес за неа. Како последица, нејзиниот свет ќе се сврти наопаку.

Knigi-so-silni-zenski-likovi (1).jpg

Жената со црвениот бележник - Антоан Лорен

Некој ја напаѓа Лора во пуста, осамена, париска улица и ѝ ја краде чантата. Утредента ја наоѓа Лоран, оставена врз една канта за ѓубре близу неговата книжарница.

Во чантата нема никакви лични документи, само неколку предмети кои откриваат многу за карактерот на својата сопственичка: позлатена запалка, црно пенкало „Монблан“, клучеви на плочка со изгравирани хиероглифи, стара шнола за коса со платнен цвет, четири стари фотографии…

...и еден црвен бележник испишан со нејзиниот елегантен ракопис. Читајќи ги тајните мисли, стравови и желби на непознатата жена, Лоран почнува да се вљубува во сопственичката на црвениот бележник.

Knigi-so-silni-zenski-likovi (2).jpg

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Ружица од Скопје: „Имам библиотека од 400 книги, читам во автобус на пат кон работа - Кои ми се омил... „Голем удел во мојата љубов кон книгите има библиотекарката од моето основно учи...
Андриана од Битола: „Имав библиотека од 1.000 книги, пола морав да ги раздадам - Кои 5 ми се омилени... „Имам прочитано над 1.000 книги, а уште толку имам на листата. Свесна сум дека н...
Книги од македонски автори кои мора да ги прочитате до крајот на 2025 Потрага по сериски убиец во Италија; млад брачен пар кој се соочува со морничави...
Кристина од Скопје: „Дома имам скоро 700 книги, читам и по 10 месечно - Кои ми се омилени?“ „Уште кога сум била бебе, мајка ми обожавала да ми чита, а штом научив да читам,...
Три книги од различни жанрови, кои ќе ве држат „будни“ до последната страница Историска драма за жени затворени во болница за душевни болести во Париз во 19 в...
Маријана од Скопје: „На 10 години со заштедени 150 денари си ја купив првата книга“ „Мојата домашна библиотека има околу 700, а библиотеката на моите две мали ќерки...

Најчитани неделава