Три раскошни историски романи кои ќе ве внесат во едно поинакво време

„Оној којшто чита живее 1000 животи пред да умре. Оној којшто не чита живее само еднаш.“

3-raskosni-istoriski-knigi-01.jpg

Доколку сакате да проживеете неколку животи, да ви се отворат нови прозорци кон светот или да се внесете „во филм“ на едно сосема поинакво време, ова е вистинскиот момент да се започне со читање.

За вас имаме три раскошни историски романи, делумно инспирирани од вистински настани, делумно фикција, што секако не ги прави помалку интересни:

Животот е краток како сон – Тереза Ревај

Рим, 1936 година. Алиса Крифорд, дописничка од Њујорк хералд трибјун, сведочи за триумфалното враќање на Мусолини во Рим по освојувањето на Абисинија.

Таа се впушта во врска со Умберто Лудовичи, дипломат близок на фашистичката власти и оженет семеен човек, но жедта за слобода не ѝ дозволува да подлегне на повикот на диктатурата…

3-raskosni-istoriski-knigi (2).jpg

Тајната сопруга – Џил Пол

1914: Русија е на раб на колапс и семејството Романови се соочува со ужасно несигурна иднина. Големата војвотка Татјана се вљубува во војникот Дмитри, но со катастрофален пресврт во настаните, нивната романса, а и нивните животи се во опасност…

2016: Кити Фишер открива нешто ужасно што ја тера нагло да побегне од Лондон во колибата на нејзиниот прапрадедо во Америка. Таму, на брегот на прекрасното езеро Аканаби, наоѓа спектакуларно парче накит што ќе ја одведе до одамна закопана семејна тајна…

3-raskosni-istoriski-knigi (1).jpg

Исповедите на Катерина Медичи – Кристофер В. Гортнер

За некои таа е кралицата која ја воведе Франција во ерата на дивјачкото насилство. За други таа е посветен спасител на Француската монархија. Избегнувајќи ја сигурната смрт во родната Фиренца, Катерина Медичи се мажи за Анри, синот на Франсоа I.

Откако останува вдовица со 6 деца, советувана од Нострадамус, ја води неуморната битка против француското благородништво кое ги влече конците на религиските конфликти, користејќи ја борбата меѓу католиците и хугенотите за да ја преземе француската круна.

3-raskosni-istoriski-knigi (3).jpg

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Катерина (19) од Прилеп дома има 150 книги: „Сестра ми од дете ме носеше во библиотеки, така се вљуб... „Прва книга која ја прочитав, а не е лектира, е „Централ парк“ од Гијом Мисо, на...
3 романи што ќе ве привлечат уште по првите прочитани страници Млада пациентка во кома раѓа здраво машко дете. Таа е феномен или е силувана дод...
Ружица од Скопје: „Имам библиотека од 400 книги, читам во автобус на пат кон работа - Кои ми се омил... „Голем удел во мојата љубов кон книгите има библиотекарката од моето основно учи...
3 одлични книги по кои се снимени хит-серии и мора да ги прочитате Прочитајте ги овие одлични дела и дознајте колку филмската адаптација се разлику...
Напнати трилери од Тес Геритсен кои ќе ве држат „будни“ до последната страница Љубителите на криминалистичките приказни сигурно слушнале за Рицоли и Ајлс - дет...
Три задолжителни книги за сите љубители на научната фантастика Шамански моќи, специјални дарби кои се пренесуваат од колено на колено, тајни св...

Најчитани неделава