Три книги со моќни пораки кои ќе ви ги отворат очите во секој аспект од животот

Лаги помеѓу најдобри пријатели. Необичен рецепт за љубов. Урнати соништа под превезот на традицијата. Овие три книги, иако сосема различни, носат неверојатно силни и моќни пораки.

Tri-knigi-so-mokjni-poraki-01.jpg

Тие навистина ќе ви ги отворат очите за повеќе аспекти во вашиот живот. Уживајте во читањето:

Седум лаги – Елизабет Кеј

Растејќи, Џејн и Марни споделуваа сè. Тие си ги знаеја своите најдлабоки тајни. Но, кога Марни се вљуби, работите почнаа да се менуваат. Џејн криеше една голема тајна. Таа го мразеше богатиот, необичен сопруг на Марни.

На крајот на краиштата, дури и најдобрите пријатели имаат право да чуваат некои работи за себе. Да беше искрена, сопругот на нејзината најдобра пријателка можеби и денес ќе беше жив … Но, тоа не беше последната лага. Всушност, тоа беше почетокот.

Tri-knigi-so-mokjni-poraki (1).jpg

Заеднички стан – Бет О’Лири

Тифи и Леон делат стан. Тифи и Леон делат кревет. Но, Тифи и Леон никогаш не се сретнале.

На Тифи Мур ѝ треба евтин стан, и тоа итно. Леон Туми работи ноќе и му требаат пари. Нивните пријатели мислат дека се луди, но тоа е совршено решение: Леон живее во станот со еден кревет додека Тифи работи преку ден, а таа го има станот преостанатото време.

Со опсесивни поранешни партнери, со комплицирани клиенти на работа, со погрешно обвинет брат и, секако, фактот дека сè уште не се сретнале, тие откриваат дека ако сакаш совршен дом, треба да го фрлиш правилникот низ прозорец.

Tri-knigi-so-mokjni-poraki (2).jpg

Модар накит – Катарина Винклер

Филиз е девојче израснато во мало курдско село во Анадолија. На дванаесет години го запознава неколку години постариот Јунус и се вљубува во него. Сонува за заеднички живот во Западна Европа. Набрзо тајно и без дозвола од родителите се венчава со него, но кратко по венчавката се уриваат нејзините соништа дека ќе носи фармерки и ќе живее среќно во Германија.

Наместо фармерки носи бурка, раѓа три деца и доживува физичко и психичко малтретирање од сопругот и од свекрвата. Ниту по мигрирањето во Австрија, животот не ѝ се променува. Дури откако ситуацијата ќе ескалира, на Филиз ѝ успева навидум невозможното: да се ослободи од постојаната тортура во домот.

Tri-knigi-so-mokjni-poraki (3).jpg

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Ружица од Скопје: „Имам библиотека од 400 книги, читам во автобус на пат кон работа - Кои ми се омил... „Голем удел во мојата љубов кон книгите има библиотекарката од моето основно учи...
Андриана од Битола: „Имав библиотека од 1.000 книги, пола морав да ги раздадам - Кои 5 ми се омилени... „Имам прочитано над 1.000 книги, а уште толку имам на листата. Свесна сум дека н...
Книги од македонски автори кои мора да ги прочитате до крајот на 2025 Потрага по сериски убиец во Италија; млад брачен пар кој се соочува со морничави...
Љубица од Гевгелија има библиотека со над 500 книги - Кои три ѝ се омилени? „Првите книжевни солзи ги пролеав читајќи ја 'Колибата на чичо Том'. Моето детск...
3 романи што ќе ве привлечат уште по првите прочитани страници Млада пациентка во кома раѓа здраво машко дете. Таа е феномен или е силувана дод...
Маријана од Скопје: „На 10 години со заштедени 150 денари си ја купив првата книга“ „Мојата домашна библиотека има околу 700, а библиотеката на моите две мали ќерки...

Најчитани неделава