Нова книга на Донато Каризи и уште 2 мајсторски трилери кои ќе ве остават со подзината уста
Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк
"Сто... 20-01-2021


Нова книга на Донато Каризи и уште 2 мајсторски трилери кои ќе ве остават со подзината уста

Италијанскиот мајстор на психолошкиот трилер создаде уште едно ремек-дело за уживање во овој специфичен жанр. Покрај неговата нова книга, ви нудиме уште 2 предлози кои ќе ве остават со подзината уста, гладни за уште некоја страница повеќе:

Majstorski-trileri-koi-ke-ve-ostavat-so-podzinata-usta-01.jpg

Куќата на гласовите – Донато Каризи

Пјетро е најдобриот во цела Фиренца, каде е познат како „заспивачот на деца“. Специјалист е за хипноза, а децата честопати поседуваат важни информации, закопани длабоко во нивната меморија, детали што полицијата и судиите можат да ги искористат во истрагите.

Но, при повик од другата страна на светот, од колешка од Австралија која му препорачува пациент, Пјетро реагира збунето и со недоверба. Хана хол не е дете, туку возрасна личност.

Таа е прогонувана од сеќавање од детството, кое можеби не е реално. За да се открие дали тој фрагмент од сеќавањето е вистинит или илузија, Гербер мора да ѝ помогне да го изнесе на виделина девојчето кое сè уште е во неа.

Majstorski-trileri-koi-ke-ve-ostavat-so-podzinata-usta (3).jpg

Избриши ги солзите – Линда Хауард

Водена од опсесијата да ги пополнува празнините во туѓите животи, Мила Еџ има неверојатна страст, инстинкт и дарба за пронаоѓање исчезнати деца. Кога сè друго изгледа изгубено и беспомошно, очајни души од сите страни на светот доаѓаат кај неа за надеж и помош. 

Со работата, Мила се бори да побегне од бруталните емоции кои ја јадат однатре затоа што има само едно дете кое не може да го пронајде со години… а тоа е нејзиното дете.

Кога добива дојава за синџир за трговија со бебиња во мало село во Мексико, Мила тргнува да истражува без двоумење.

Клучен човек во организацијата е маж со едно око, кој Мила патем добро го помни од минатото. Очајна да го најде, Мила се здружува со Џејмс Дијаз; сомнителен странец кој делува подеднакво опасно како и луѓето кои ги бараат.

Majstorski-trileri-koi-ke-ve-ostavat-so-podzinata-usta (2).jpg

Американски психопат – Брет Истон Елис

Американски психопат е роман кој дава шокантна слика, еден вид декларација на модерното општество. Патрик Бејтман е богат, убав, високообразован и интелигентен млад човек кој работи на Вол Стрит. Бејтман ги поминува утрата во вежбалница, а ноќите во клубовите на Менхетен. Сите веруваат дека Бејтман е срамежливото фино момче.

Она што неговите пријатели не го знаат е дека Бејтман е психопат убиец на чии дела може да им позавиди и Маркиз де Сад. Иако постојано се исповеда за извршените злодела, никој не му верува. Никој не сака да поверува дека пристојното фино момче може некого да повреди и затоа одбираат да ги игнорираат неговите исповеди.

nova-kniga-na-donato-karizi-i-uste-2-majstorski-trileri-koi-ke-ve-ostavat-so-podzinata-usta-4.jpg

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

3 книги кои потврдуваат дека жената е најтврдото оревче Да се биде жена и мајка е најубавата и најтешката задача истовремено. Предизвици...
5 книги кои ќе ви прават друштво додека се сончате на плажа Летото е одлично време во рака да земете некоја книга со лесна содржина, наместо...
5 квалитетни книги со кои одлично ќе ја започнете есента Доколку сè уште не читате онолку колку што би сакале, време е да ја промените ов...

Најчитани неделава