„Тито, мојот претпоследен херој“ и уште 2 нови изданија со кои може да ја заокружите 2020-та

Искрено се надеваме дека прочитавте многу книги во текот на изминатата година, ако не сте го сториле тоа досега, одлично време е да се подновите и да ја започнете новата година како што треба. 

Tito-mojot-pretposleden-heroj-01.jpg

„Да читаме и танцуваме – двете забавни нешта кои никогаш нема да му наштетат на светот“, рекол Франсоа Волтер, а ние ги препорачуваме и двете со овие 3 нови книжевни наслови:

Еден ден во декември – Џози Силвер

Лори е речиси сигурна дека љубовта на прв поглед постои само во филмовите. Но, еден снежен ден во декември, низ замаглениот прозорец на автобусот ќе здогледа еден млад дечко и во моментот кога ќе им се сретнат погледите, нејзиното срце ќе затрепери како никогаш претходно, и тогаш автобусот тргнува од постојката.

Убедена дека судбината повторно ќе ги спои, таа цела година се обидува да го најде на улиците, автобуските постојки и по лондонските барови и кафулиња. Но, не го пронаоѓа. Со скршено срце, таа одлучува да го заборави тој волшебен момент и да продолжи во животот.

Но, законите на љубовта, тешко може да се разберат и да се следат, а судбината понекогаш создава испреплетени патеки по кои се движиме и кои не можеме да ги промениме.

Tito-mojot-pretposleden-heroj (3).jpg

Тито, мојот претпоследен херој – Зоран Спасов Ѕоф

Почувствував силен удар. Човек во темен костум и црни очила влета во зградата и ме залепи со влезната врата за портирницата. Викаше „Место за Другарот!“ и го расчистуваше теренот. По него втрчаа уште неколку слични типови кои беа претходница на еден круг од неколку лекари во чијашто средина се наоѓаше човек во болничка количка.

И знаев кој е, не можеш да не го препознаеш, кога си навикнат да те гледа од секоја просторија, дома, во школо, во војска, на работа, но тоа не значеше дека мозокот тукутака прифати и дека не бев како удрен од сознанието. Другарот Тито.

Tito-mojot-pretposleden-heroj (1).jpg

Концерт – Хана Филдинг

Кога Катриона Друо, млада музикотерапевтка, ѝ ја исполнува последната желба на една оперска дива на умирање, да му помогне на нејзиниот син Умберто Монтеверди да си го поврати талентот за музика, знае дека се нафатила на тешка задача.

Пред десет години поминала страсна ноќ со тогаш славниот композитор, ноќ што ѝ оставила неочекувани последици. Ѝ станува јасно на колкав предизвик се нафатила кога стасува на имотот на својот клиент, на блескавиот брег од езерото Комо во Италија.

Со видот одземен од речиси фатална автомобилска несреќа, тој маж е арогантен, огорчен, и се спротивставува на секој нејзин напор да му помогне.

Tito-mojot-pretposleden-heroj (2).jpg

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

3 романи за роматични души што ќе ве разнежнат пред Валентајн Во пресрет на Денот на вљубените, зошто да не прочитате еден, или можеби сите тр...
Две книги од Сандра Браун што ќе ве остават без здив Ако сакате да прочитате интересни книги, полни со љубов и трилер заплети, избере...
Три кралски приказни: Книги кои ќе ги прочитате за еден викенд Од робинка до кралица, тајна руска агентка во времето на Распутин, жена што се п...
3 возбудливи романи, идеални за на плажа ова лето Ви предлагаме 3 одлични книги што целосно ќе ве вовлечат во сопствениот свет и ќ...
„Лејла“ од Колин Хувер и уште 2 одлични напнати книги за летните денови  Лето на плажа и добра книга... Тоа е комбинација која за многумина е вистинско о...
3 романи од Вај Киленд со тензичен заплет (што ќе ве држат во неизвесност до последната страница) Кејн, Рид, Броди... Тројца мажи кои треба да научат дека и најстудениот мраз око...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg