Три одлични, психолошки трилери кои целосно ќе ве „изместат“ од умот

Нов трилер од германскиот мајстор Фицек кој апсолутно ќе ве остави без сон. И уште два одлични трилери кои нема да сакате да ги ставите „на пауза“ додека не ја затворите и последната страница.

Tri-odlicni-psiholoski-trileri-01.jpg

Дали си ветивте дека во 2021 ќе читате многу повеќе? Еве ви одлична шанса преточена во три возбудливи наслови:

Страв од летање на 7а – Себастијан Фицек

Искусниот и успешен психијатар Мат Кругер е на ноќниот лет за Берлин. Тој мора да го надмине својот паничен страв од летање затоа што едвај чека да ја види својата бремена ќерка, која ја нема видено многу долго време.

Немирот овојпат доаѓа од телефонскиот повик преку кој дознава дека еден од патниците е ментално нестабилен пациент кој воедно е негов поранешен пациент.

Лице кое Кругер го има ослободено од насилни убиствени фантазии. А сега треба да го натера истиот тој нестабилен пациент да го урне авионот, затоа што во спротивно – ќе умре единствената личност на светот која тој вистински ја сака.

Tri-odlicni-psiholoski-trileri (3).jpg

Ученикот – Микел Јорт, Ханс Розенфелд

Неколку жени се сурово и насилно убиени, но истрагата сè уште тапка во место. Убиствата многу наликуваат на оние кои биле извршени пред петнаесетина години од страна на Едвард Хинде, кој ја отслужува затворската казна зад решетки благодарение на полицискиот истражувач, Себастијан Бергман.

И самиот со сопствени трауми, се обидува да најде мир во сознанието дека има ќерка, Вања. Но, дали треба да ѝ ја каже вистината и да ѝ ги уништи животот и кариерата?

Tri-odlicni-psiholoski-trileri (2).jpg

Човек од костени – Сорен Свејструп

Сè започнува едно утро кога полицијата пронаоѓа тело на убиена жена во мирното предградие на Копенхаген. Од тој момент, граѓаните живеат во страв од немилосрдниот убиец чиј потпис е „човек од костени“ – кукла направена од кибритчиња и два костени, што ги остава на секое место на злосторството.

Додека ги проучуваат трагите, форензичарите ќе дојдат до шокантно откритие: отпечатокот од прстот е од девојчето што исчезнало пред една година и го сметаат за мртво.

Tri-odlicni-psiholoski-trileri (1).jpg

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

3 одлични книги по кои се снимени хит-серии и мора да ги прочитате Прочитајте ги овие одлични дела и дознајте колку филмската адаптација се разлику...
4 одлични романи од српската писателка Зорана Шулц, посветени на силни жени Во една од книгите, главна хероина е самата авторка, а читателите ги води на воз...
5 трилери од Крис Картер за детективот Роберт Хантер - романи кои нема да сакате да ги оставите Роберт Хантер е главниот лик во скоро сите книги на авторот Крис Картер. То...
Три трилери кои задолжително треба да ги прочитате во септември Аутистично момче (5) преку своите цртежи дава траги за убиство; жена се обидува ...
3 трилери за жени-детективки кои ќе ве држат во неизвесност до последната страница Сериски убиец кој не убива од омраза; детективка која бара мистериозен демнач, а...
Кристина од Скопје: „Дома имам скоро 700 книги, читам и по 10 месечно - Кои ми се омилени?“ „Уште кога сум била бебе, мајка ми обожавала да ми чита, а штом научив да читам,...

Најчитани неделава