Три одлични книги за сите кои се почувствувале несреќно во љубовта

Речиси сите во одреден период во животот сме се почувствувале несреќно во љубовта… тоа е сосема нормално и човечки.

Tri-knigi-za-site-onie-koi-se-pocuvstvuvale-nesrekjno-vo-ljubovta-01.jpg

Овие три книги ќе ви ја вратат насмевката на лицето и вербата во љубовта, колку невозможно и да ви изгледа тоа:

Меден месец – Кристина Лорен

Олив Торес е навикната да биде баксузната близначка. Од необјасниви несреќи до неодамнешно отпуштање, нејзиниот живот се чини дека е речиси трагикомичен.

Спротивно на тоа, сестра ѝ е вечна шампионка, која успева да ја плати својата свадба победувајќи на многу наградни игри.

За Олив, единственото нешто што е полошо од постојаната лоша среќа е денот на венчавката да го поминете со кумот (својот најголем непријател), Итан Томас. Олив се подготвува за свадбен пекол, решена да го помине со „монтирана“, лажна насмевка на лицето.

Tri-knigi-za-site-onie-koi-se-pocuvstvuvale-nesrekjno-vo-ljubovta (3).jpg

Сурова љубов – Колин Хувер

Кога Тејт Колинс го запознава пилотот Мајлс Арчер, знае дека тоа не е љубов на прв поглед. Тие не можат да се однесуваат дури ни како пријатели. Единственото заедничко нешто им е непобитната заемна привлечност.

Тој не сака љубов, таа нема време за љубов, па им останува само сексот. И нивниот договор може да е незамисливо едноставен ако Тејт успее да се држи до единствените две правила што Мајлс ги има за неа. Никогаш не поставувај прашања за минатото. И не очекувај никаква иднина.

Tri-knigi-za-site-onie-koi-se-pocuvstvuvale-nesrekjno-vo-ljubovta (2).jpg

Мирисот на листовите чај – Дајна Џефрис

Сместена во дваесеттите години на минатиот век, приказната ја следи младата Англичанка Гвен, која има среќа да ја сретне љубовта на својот живот – русокосиот сопственик на плантажа од Цејлон (денес Шри Ланка).

Таа доаѓа со пароброд на островот за да стапи во брак што ветува долг и мирен живот среде високите зелени ридови со чај. Но Лоренс е постојано на работа, а неговата млада сопруга мора сама да ја истражува плантажата. Талкајќи по забранетите места, Гвен наоѓа заклучена врата и едно премолчено минато.

Tri-knigi-za-site-onie-koi-se-pocuvstvuvale-nesrekjno-vo-ljubovta (1).jpg

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Ружица од Скопје: „Имам библиотека од 400 книги, читам во автобус на пат кон работа - Кои ми се омил... „Голем удел во мојата љубов кон книгите има библиотекарката од моето основно учи...
Андриана од Битола: „Имав библиотека од 1.000 книги, пола морав да ги раздадам - Кои 5 ми се омилени... „Имам прочитано над 1.000 книги, а уште толку имам на листата. Свесна сум дека н...
Љубица од Гевгелија има библиотека со над 500 книги - Кои три ѝ се омилени? „Првите книжевни солзи ги пролеав читајќи ја 'Колибата на чичо Том'. Моето детск...
Три книги од „кралицата на романтичните комедии“, Софи Кинсела, што мора да ги прочитате Сите романтични души во животот мора да прочитаат барем една романтична книга од...
Книги од македонски автори кои мора да ги прочитате до крајот на 2025 Потрага по сериски убиец во Италија; млад брачен пар кој се соочува со морничави...
3 романи што ќе ве привлечат уште по првите прочитани страници Млада пациентка во кома раѓа здраво машко дете. Таа е феномен или е силувана дод...

Најчитани неделава