Пролетно размрдување на умот со 3 нови наслови – што ќе прочитате прво?

„Човек станува мудар не со сила, туку со читање“. Доколку сакате да бидете помудри, поуспешни и потребно ви е пролетно размрдување на умот кој стагнира, време е (буквално) да свртите нова страница.

Proletno-razmrduvanje-na-umot-so-3-novi-naslovi-01.jpg

А ние ги имаме вистинските три предлози за вас, три нови наслови кои ќе ви го разбистрат умот:

Некој што вреди да умре – Питер Свансон

На еден вечерен лет од Лондон до Бостон, Тед Северсон ја запознава мистериозната и привлечна Лили Кинтнер. По неколку пијалаци, тие почнуваат да играат игра на кажување вистини, откривајќи интимни детали за себе.

Тед зборува за неговиот брак и неговата сопруга Миранда, бидејќи е сигурен дека таа го изневерува. Но нивната игра наскоро станува мрачна кога Тед на шега нафрла дека би можел да ја убие Миранда за тоа што му го направила. Лили пак, без размислување му вели, „Би сакала да ти помогнам“…

Proletno-razmrduvanje-na-umot-so-3-novi-naslovi (2).jpg

Списокот со гости – Луси Фоли

На остров крај брегот на Ирска, се собираат гости за да го прослават станувањето во брак на двајца луѓе. Младоженецот: згоден и шармантен, телевизиска ѕвезда во подем. Невестата: паметна и амбициозна, издавач на списание.

Но, совршената свадба започнува со низа непријатности и љубомора. Другарите на младоженецот ја почнуваат играта со пиење од нивните училишни денови. Деверицата не толку случајно го уништува својот фустан. Најстариот пријател на невестата прави необична здравица.

И тогаш излегува дека некој е мртов. Кој не им посакува добро на младоженците? И, можеби уште поважно, зошто?

Proletno-razmrduvanje-na-umot-so-3-novi-naslovi (1).jpg

Свила, ножици – Ирена Вркљан

Романот „Свила, ножици“ е автобиографски роман во кој авторката раскажува за своето детство во Белград, за преселбата на семејството во Загреб во 1941 година по избувнувањето на војната, за растењето, школувањето и созревањето во тој град, за пропаднатиот брак и за животната рутина што ја прекинува со заминувањето во Западен Берлин.

Од специфична женска позиција, авторката го преиспитува својот однос спрема мајка си и татко си, односно спрема женскиот и машкиот свет, и потребата, како жена воспитана во традиционални патријархални рамки, да се избори за своето место што нема да биде само повторување на научените и наследени обрасци.

Proletno-razmrduvanje-na-umot-so-3-novi-naslovi (3).jpg

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Три кралски приказни: Книги кои ќе ги прочитате за еден викенд Од робинка до кралица, тајна руска агентка во времето на Распутин, жена што се п...
3 книги што може да ги подарите за 8-ми Март Цветот ќе овене, добрата книга со посвета ќе остане спомен засекогаш. На вашите ...
4 „модерни класици“ што секој интелектуалец вреди да ги има на својата полица Читањето книги не е обврска, туку треба да претставува задоволство, а вистинскит...
3 нови романи со моќни хероини, кои нема да ви дадат мир до последна страница Што се случило со убавата маѓепсничка Кирка откако Одисеј го напуштил нејзиниот ...
Одржана промоција на два нови романи на авторката Краличин Во просториите на Café Литература во Дајмонт мол на 15 февруари 2024 година со п...
3 книги наменети за читатели со префинет вкус Дaли за вас книжевноста е „духовна храна“ или читате сѐ што ќе ви дојде во рака?...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg