Три возбудливи книги од кои ќе ве полазат морници

Подготвени за нова доза возбудливи наслови од кои ќе ве полазат морници и ќе ви ја наежат кожата?

Tri-vozbudlivi-knigi-od-koi-ke-ve-polazat-mornici-01.jpg

Најновата книга на кралицата на мистериите, Лијан Моријарти, е веќе во продажба. По нејзиното дело „Девет совршени туѓинци“ се снима и ТВ мини-серија со Никол Кидман во главната улога.

Но, како и секогаш, најдобро е да се прочитаат книгите пред филмските екранизации, нели?

Девет совршени туѓинци – Лијан Моријарти

Дали десет дена во здравствено одморалиште навистина можат да ве променат засекогаш? Овие девет совршени туѓинци наскоро ќе го откријат тоа… Девет луѓе се наоѓаат во оддалечено здравствено одморалиште. Некои се тука за да ослабат, некои за да си го рестартираат животот, а некои се тука од причини што не можат да си ги признаат ниту самите на себе.

Среде луксузното опкружување на одморалиштето, среде сесиите по сосредоточеност и медитација, за брзо време сфаќаат дека овие десет дена можат да испаднат пресвртница во нивните животи. Но, никој од нив не може ни да си замисли колкав предизвик ќе бидат десетте дена што им претстојат.

Tri-vozbudlivi-knigi-od-koi-ke-ve-polazat-mornici (3).jpg

Семејството на горниот кат – Лиса Џул

Откако ќе го прослави својот дваесет и петти роденден, Либи Џонс го пронаоѓа долгоочекуваното писмо. Конечно го дознава не само идентитетот на нејзините родители, туку и дека е единствениот наследник на нивната напуштена палата на бреговите на Темза, вредна милиони. Но, она што таа не го знае е дека и други го чекаат тој ден.

Пред 25 години, полицијата била повикана на адресата „16 Чејн Вок“. Полицискиот извештај вели дека биле повикани поради плачење на бебе. Кога пристигнале, нашле здраво десетмесечно дете како си лежи во своето креветче во спалната соба.

Во кујната се откриени три мртви тела, сите облечени во црно. Другите четири деца, пријавени дека живеат на истата адреса, ги нема.

Tri-vozbudlivi-knigi-od-koi-ke-ve-polazat-mornici (1).jpg

Криптолог - Изабела Малдонадо

ФБИ агентката Нина Герера побегнала од стапицата на сериски убиец кога имала шеснаесет години. Години подоцна, ја напаѓаат додека џогира во парк, и видеоснимката од нападот масовно се споделува на социјалните медиуми.

Многумина се импресионирани од нејзините боречки вештини, а помеѓу нив и човекот кој ја киднапирал пред единаесет години – кој исто така ја има видено снимката.

Решен да ја врати назад единствената која му побегнала, извршува грозоморно убиство со цел да ја вовлече неа во истрагата… но неговите игри штотуку почнуваат. И го користи интернетот за да ја покани и јавноста да учествува.

Tri-vozbudlivi-knigi-od-koi-ke-ve-polazat-mornici (2).jpg

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

На 56 години, Мирјана Сионова од Охрид го стори тоа што многумина само сонуваат – ја издаде својата ... „’Европа нè чека нас‘ е повеќе од книга. Таа е потсетник дека никогаш не е доцна...
Ружица од Скопје: „Имам библиотека од 400 книги, читам во автобус на пат кон работа - Кои ми се омил... „Голем удел во мојата љубов кон книгите има библиотекарката од моето основно учи...
Драгана Стратијева, автор на „Додека кафето не се излади“: „Добивав пораки од жени што не сум ги зап... Во еден момент сфатив дека луѓето не ги паметат зборовите затоа што се убаво нап...
Кристина од Скопје: „Дома имам скоро 700 книги, читам и по 10 месечно - Кои ми се омилени?“ „Уште кога сум била бебе, мајка ми обожавала да ми чита, а штом научив да читам,...
Викторија од Кичево: „Мајка ми ме зачлени во библиотека на 10 години, имам над 500 книги - кои ми се... „Во просек читам 3 книги месечно, најмалку. Понекогаш и една дневно, тоа често м...
Младата писателка Драгана Рајкова ја издаде својата 3-та книга – „Јети во сон“ Драгана има само 12 години, а досега има веќе објавено 3 книги - две стихозбирки...

Најчитани неделава