Одвај ќе направите пауза за одмор – три возбудливи психолошки романи

Неизвесни, возбудливи, психолошки трилери за мрачната страна на животот. Три совршени романи кои ќе посакате да ги имате во вашата библиотека и помеѓу своите раце.

Tri-vozbudlivi-psiholoski-romani-01.jpg

Исполнети со возбуда и неизвесност, одвај ќе направите пауза додека ги читате:

Тој почна сè – Саманта Даунинг

Бет, Порша и Еди Морган не биле заедно со години. Но, кога нивниот богат дедо ќе почине и ќе остави порака непосредно пред тоа, сестрите, братот и нивните партнери мораат да одат на заедничко патување низ целата држава за да ја исполнат неговата последна желба, и уште поважно – да си го обезбедат својот дел од наследството.

Но, времето поминато со фамилијата може да биде тешко. Уште потешко е кога сите чуваат тајни и се обидуваат да заборават едно сеќавање – исчезната личност, чин на одмазда, човек со црн камионет кој не престанува да го следи вашиот автомобил – особено кога најмалку еден од вас е убиец и има тело во багажникот.

Tri-vozbudlivi-psiholoski-romani (3).jpg

Трагачот – Тана Френч

По 25 години работа како полицаец во Чикаго, Кал го напушта градот верувајќи дека мирниот селски живот ќе му помогне да се соземе од напорната и трагичната реалност.

Сака да почне од почеток во некое мирно, мало место со добар паб, каде што ништо особено нема да се случува. Но, наскоро ќе открие дека дури и малите места кријат мрачни тајни.

Во селото исчезнува едно мало момче, но никој не е особено загрижен поради тоа, дури ни полицијата. Тогаш во Кал повторно се буди полицаецот и тој започнува своја истрага. Убеден дека нешто не е во ред, не може да остане мирен додека не открие што е тоа.

Tri-vozbudlivi-psiholoski-romani (2).jpg

Една мала грешка – Ема Куртис

Вики Сигрејв е благословена: три убави деца, успешен и доминантен сопруг, одлични пријатели и работа што ја сака. Кога таа носи одлука во дел од секундата, со која ризикува сè што ѝ е скапоцено, постои само една личност на која таа ѝ верува доволно за да ѝ се довери.

Но, Вики ќе сфати дека е доволна само една грешка за да изгуби сè. Ако сте невнимателни со оние што ги сакате, не заслужувате ниту да ги имате…

Tri-vozbudlivi-psiholoski-romani (1).jpg

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Три психолошки книги кои ќе ви го „разбистрат“ умот и вреди да ги прочитате Тројца различни автори и три психолошки книги - сите поинакви, но сепак исти по ...
3 романи што ќе ве привлечат уште по првите прочитани страници Млада пациентка во кома раѓа здраво машко дете. Таа е феномен или е силувана дод...
Ружица од Скопје: „Имам библиотека од 400 книги, читам во автобус на пат кон работа - Кои ми се омил... „Голем удел во мојата љубов кон книгите има библиотекарката од моето основно учи...
На 56 години, Мирјана Сионова од Охрид го стори тоа што многумина само сонуваат – ја издаде својата ... „’Европа нè чека нас‘ е повеќе од книга. Таа е потсетник дека никогаш не е доцна...
Шест љубовни романи, идеални за сите непоправливи романтичари Во некои ликови ќе се заљубите веднаш, други ќе ви бидат помалку симпатични, но ...
3 книги за силни жени во арапскиот свет - интригантни приказни што мора да ги прочитате Две жени во Иран се борат за женските права; Американка која се мажи за Иранец и...

Најчитани неделава