3 одлични книги за женската одмазда – така сурова и слатка

Мислењето дека жените се понежниот пол е одамна побиено. Овие три книги се одличен доказ дека жените се моќни и силни подеднакво како и мажите.

3-odlicni-knigi-za-zenskata-odmazda-01.jpg

Во потрага по одлични книги за женската одмазда која е слатка и сурова истовремено? Оваа есен започнете ја со:

Златниот кафез – Камила Лекберг

Џек и Феј имаат наизглед идиличен живот. Таа е мажена за успешен бизнисмен со кого има прекрасна ќерка.

Иако заедно ја започнале деловната империја, Феј е заробена во улогата на мајка и домаќинка, додека, пак, нејзиниот сопруг ги ужива сите привилегии од заедничкиот успех.

Еден ден, Феј го затекнува својот сопруг со една од многуте негови љубовници.

Но, дури и тогаш, таа е понизна и е подготвена да му прости за неверството. Сепак, тој бара развод од неа.

Поради прецизниот предбрачен договор, по разводот, Феј останува без ништо, но ја зема судбината во свои раце, се присетува која била некогаш и започнува сè одново.

3-odlicni-knigi-za-zenskata-odmazda (3).jpg

Мажите не можеш да ги силуваш – Мерта Тиканен

Това Рандерс слави роденден. Оди во некое кафуле, танцува, се враќа дома со маж и завршува силувана. Таа не се затвора во осаменост да го преболи понижувањето.

Дише длабоко и зема сила. Одлучува да ги смени улогите. Да го силува силувачот. Романот е објавен во 1975 година и веднаш станал жива класика.

Според овој роман во режија на Јорн Донер е снимен истоимениот филм од 1978 година.

3-odlicni-knigi-za-zenskata-odmazda (1).jpg

Девојката што сакаше одмазда – Давид Лагеркранц

Осудена на двомесечна затворска казна поради самоволно постапување при спасувањето на животот на едно дете, Лизбет Саландер одбива да каже што и да е во своја одбрана. Таа се интересира за многу поважни нешта.

Микаел Блумквист секоја недела поминува долг пат за да ја посети – но и за да добие некоја нова трага за своето истражување, кое би било значајна приказна за списанието Милениум.

А неа, пак, тоа би можело да ја одведе до вистината за нејзиното детство. Иако е попречена од корумпираниот затворски систем кој во голема мера го раководат озлогласени затворенички, Лизбет по секоја цена ќе се бори за своите убедувања.

3-odlicni-knigi-za-zenskata-odmazda (2).jpg

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Три книги за романтични души Постојат ликови во кои ќе се заљубите на прво читање и ќе ви бидат омилени уште ...
Три книги за моќни жени што ќе ви го задржат вниманието до последната страница Жените кои се бореле против себе, против општеството, кои биле потиснувани, а по...
Две книги од Сандра Браун што ќе ве остават без здив Ако сакате да прочитате интересни книги, полни со љубов и трилер заплети, избере...
3 романи за роматични души што ќе ве разнежнат пред Валентајн Во пресрет на Денот на вљубените, зошто да не прочитате еден, или можеби сите тр...
„Лејла“ од Колин Хувер и уште 2 одлични напнати книги за летните денови  Лето на плажа и добра книга... Тоа е комбинација која за многумина е вистинско о...
3 возбудливи романи, идеални за на плажа ова лето Ви предлагаме 3 одлични книги што целосно ќе ве вовлечат во сопствениот свет и ќ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg