3 нежни и истовремено моќни книги кои ќе ви ја вратат волјата за живот

Сите некогаш сме биле на дното, а во таквите моменти ни доаѓа само да ги кренеме рацете и да се откажеме од сè. Но, животот е подарок. И за него вреди секоја битка, пораз, секоја победа и награда.

3-mokjni-knigi-koi-ke-vi-ja-vratat-voljata-za-zivot-01.jpg

Низ овие моќни, а истовремено толку нежни книги, проткаени со мудрост, емпатија и емоции, повторно ќе ја откриете смислата на животот и ќе му се заблагодарите на универзумот што ве наградил со токму каков што е вашиот:

Подарокот – 12 лекции кои ќе ви го спасат животот – Едит Егер

Илјадници луѓе од целиот свет ѝ пишувале на Егер за да ѝ кажат колку нејзината прва книга „Изборот“ ги трогнала и ги инспирирала да се соочат со сопственото минато со цел да се обидат да најдат лек за својата болка, истовремено молејќи ја да напише уште една книга со повеќе практични и детални совети како нејзе ѝ успеало во тоа.

Во „Подарокот“, Егер се осврнува на исцелувањето и ни дава многу корисен прирачник кој нежно нè охрабрува да ги промениме своите мисли и однесувањето кое нè прави затвореници на минатото.

Егер објаснува дека најлошиот затвор за неа не бил затворот во кој ја сместиле нацистите, туку оној што таа самата го создала за себе – затворот на нејзиниот ум.

3-mokjni-knigi-koi-ke-vi-ja-vratat-voljata-za-zivot (1).jpg

Како помалку да се мисли – Кристел Петитколен

Блиските ти велат дека поставуваш премногу прашања. Во твојата глава секогаш нешто се виори – понекогаш сонуваш за да притиснеш на тастатурата и да го исклучиш умот.

Имаш впечаток дека си од друга планета. Не успеваш да го пронајдеш своето место. Се чувствуваш несфатено.

Дали некоја од овие реченици те опишува токму тебе? Ако е така, сигурно ќе се препознаеш во профилот на исклучително размислувачка личност.

Да се биде исклучително размислувачки е навистина заморно, ама твојот мозок – е токму тој што премногу размислува – тој е вистински скапоцен камен.

3-mokjni-knigi-koi-ke-vi-ja-vratat-voljata-za-zivot (2).jpg

Секое утро патот до дома е сè подолг и подолг – Фредерик Бакман

Приказна за спомените, за менливоста на животот и за разделбите. Љубовно писмо и бавно збогување на еден човек со неговиот внук, на еден татко со неговиот син. Дедото и Ноа седат на клупа до која цветаат зумбули.

И покрај големата разлика во возраста, тие можат да разговараат буквално за сè. За животот, за математиката, за училиштето, за мечките, за најважните и најневажните работи на светот.

Дедото се обидува да се сети како се вљубил во бабата на Ноа и како ја изгубил. Сè уште ја памети, но што ќе се случи кога веќе нема да се сеќава ниту на нејзиниот лик?

3-mokjni-knigi-koi-ke-vi-ja-vratat-voljata-za-zivot (1).png

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Андриана од Битола: „Имав библиотека од 1.000 книги, пола морав да ги раздадам - Кои 5 ми се омилени... „Имам прочитано над 1.000 книги, а уште толку имам на листата. Свесна сум дека н...
Три лесни книги кои ќе ви го задржат вниманието и во најголемите жештини За некои летото е идеално време за читање, на други им е многу тешко да фатат кн...
Три книги од „кралицата на романтичните комедии“, Софи Кинсела, што мора да ги прочитате Сите романтични души во животот мора да прочитаат барем една романтична книга од...
5 одлични дела без кои не треба да си заминете од Саемот на книга 2026 Кои книги вреди да си ги набавите од годинешниот Саем на книга? Иако изборот е о...
Драгана Стратијева, автор на „Додека кафето не се излади“: „Добивав пораки од жени што не сум ги зап... Во еден момент сфатив дека луѓето не ги паметат зборовите затоа што се убаво нап...
Кристина од Скопје: „Дома имам скоро 700 книги, читам и по 10 месечно - Кои ми се омилени?“ „Уште кога сум била бебе, мајка ми обожавала да ми чита, а штом научив да читам,...

Најчитани неделава