„Сестра ми живее на каминот“ и уште 2 нови книги кои ќе ве освојат оваа есен

Подготвени за нова доза наслови кои целосно ќе го окупираат вашето слободно време?

Sestra-mi-zivee-na-kaminot-01.jpg

Овој неделен избор содржи три нови наслови - морничав трилер, топла, семејна драма и историска фикција, што значи од сè по нешто за љубителите на различни жанрови.

Што и да правите во овој период од годината, задолжително одвојте време за:

Скулптор на смртта – Крис Картер

Една млада негувателка е доживотно трауматизирана кога го наоѓа својот пациент, јавниот обвинител Николсон, брутално убиен во неговиот кревет. Самиот чин делува апсурдно – Николсон имал рак во терминална фаза и му останувале само уште неколку недели живот. Но, она што најмногу го шокира детективот Роберт Хантер е „уметничкото дело“ што убиецот го има оставено зад себе на местото на злосторството.

Хантер не се сомнева дека убиецот се обидува да комуницира со полицијата, но методот што го има одбрано е крајно необичен – нешто што Хантер го нема сретнато никогаш во својата кариера. И никако не може да разбере која би можела да биде скриената порака.

Токму кога Хантер и неговиот партнер Гарсија сметаат дека пронаоѓаат добра трага, се појавува и ново тело – и ново „уметничко дело“. 

Sestra-mi-zivee-na-kaminot (1).jpg

Сестра ми живее на каминот – Анабел Пичер

Џејми нема заплакано откако се случи тоа. А знае дека требало – Џасмин плачеше, мама плачеше, тато сè уште плаче. Роџер не, ама тој е само мачор, а и не ја познаваше Роуз многу добро…

Сите постојано велеа дека со текот на времето ситуацијата ќе се подобрува, но тоа е само една од оние лаги што возрасните ги кажуваат во непријатни ситуации.

Пет години подоцна, полошо е од кога и да е: тато пие, мама ја нема, а Џејми е соочен со прашања на кои мора да си одговори самиот.

Ова е неговата приказна, еден на моменти непоколебливо стварен, но истовремено и емотивен и топол приказ на борбата на едно младо момче да ја разбере загубата што го разнебитува неговото семејство.

Sestra-mi-zivee-na-kaminot (2).jpg

Теодора – Стела Дафи

Осудена на живот на актерка и блудница не поради ниското потекло или поради неморалното воспитување, туку поради несреќата и бедата во коишто ја фрлила татковата смрт, Теодора израснува во сурова, огорчена жена, научена не само да не ги покажува чувствата, туку и да ги закопува длабоко во себе. Со доаѓањето во византиската палата, се чини дека се остварени сите амбиции на Теодора.

Но, византиската царица дури тогаш ќе ја открие љубовта која ненадејно и ненамерно ќе ја доведе до целосна преобразба.

Раскажувајќи ни за животот на Теодора од нејзиното детство, Стела Дафи не само што успева целосно да го реконструира животот на оваа необична жена и владетелка, притоа уривајќи ја претставата што најчесто ја имаме за неа, туку и ни ја доловува величественоста на царската палата со сите политички интриги, толку вообичаени за тоа време.

Sestra-mi-zivee-na-kaminot (3).jpg

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

3 романи за роматични души што ќе ве разнежнат пред Валентајн Во пресрет на Денот на вљубените, зошто да не прочитате еден, или можеби сите тр...
„Лејла“ од Колин Хувер и уште 2 одлични напнати книги за летните денови  Лето на плажа и добра книга... Тоа е комбинација која за многумина е вистинско о...
3 предлог книги од Милан Кундера, што секој интелектуалец треба да ги прочита „Шега“ е првиот роман на Кундера инспириран од случувањата во неговиот приватен ...
Три кралски приказни: Книги кои ќе ги прочитате за еден викенд Од робинка до кралица, тајна руска агентка во времето на Распутин, жена што се п...
3 биографски книги што вреди да ги прочитате оваа есен Дали сакате да читате биографски книги? Ако да, тогаш овие три понови изданија с...
4 книжевни предлози од македонските инстаграмџики Нашите инстаграмџики често знаат да се пофалат дека читаат одредени книги. Кои с...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg